Лески (Светиврачко)
Лески — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Лески Вихрен | |
---|---|
Координати: 41°37′N 23°20′E / 41.617° СГШ; 23.333° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 8.063 км2 (3,113 ми2) |
Надм. вис. | 843 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 3 |
• Густина | 0,00.037/км2 (0,00.096/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2800 |
Географија и местоположба
уредиСелото Лески се наоѓа на 20 километри северозападно од Свети Врач. Селото се наоѓа на надморска висина од 843 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 8063 км2.
Историја
уредиОсманлиско Царство
уредиВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сески (Seski) е село со 25 семејства и 90 Македонци[1][2].
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Лески и Махала, чифлици преблиску еден до друг; припаѓаат на еден мелнички бег, се наоѓаат на СЗ од Мелник, 4 часа пат. Земјоделството е слабо застапено, повеќето чуваат овци, кози а има и дрвари. В Леска се 40 куќи и во Махала 18, само Бугари.[1][3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 180 жители, сите Македонци[1][4].
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, девет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети[5].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 82 | 100 | 84 | 28 | 12 | 6 | 10 | 9 | 6 |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 142-143.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 28.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 859
- ↑ 6,0 6,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Вихрен, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.