Винчестерска катедрала

Катедралната Црква на Света Троица[1] Св. Петар, Св Павле и Свети Свитун,[2] позната и како Винчестерска Катедрала, е англиканска катедрала во градот Винчестер, Англија, и е меѓу најголемите од таков вид во Северна Европа.[3] Катедралата е седиште на Винчестерската бискупија и е мајка црква на древната Винчестерска дијацеза.

Винчестерска катедрала
Поглед на средниот наус, централната кула и западниот дел.
Карта

Катедралата привлекла 365.000 посетители во 2019 година, и е главна туристичка атракција во Винчестер.

Историја

уреди

Предходни градби

уреди

Првата црква на местото на денешната катедрала била изградена на иницијатива на кралот Кенвал од Весекс во 642 година. [4] [5] [6].[7] Во црквата се наоѓало седиштето на бискупијата и гробот на свети Свитун, епископ од Винчестер [4][8] Во 901 година, во близина на Стариот министер била изградена нова црква, Нов Министер, а Стариот Министер станал дел од бенедиктински манастир. Таму биле гробниците на кралевите од Весекс и Англија.

Во 1014 година, во Винчестерската катедрала бил погребан најстариот син и наследник на Етелред II, Етелстан Етелинг. Исто така, во 1035 овде е погребан кралот на Англија, Данска и Норвешка Кнут Велики, а во 1042 година и неговиот син, кралот на Англија и Данска Хардекнут.

Во 1043 година, Едвард Исповедникот,[9]  бил крунисан за крал во оваа катедрала, а во 1045 година во стариот минстер се оженил за кралицата Едит.

Норманска катедрала

уреди

Откако Вилијам Освојувачот ја нападнал и ја освоил Англија во 1066 година, тој почнал да поставува свои нормански епископи на местото од англосаксонските епископи.[4] Бискупот Валкелин добил дозвола да изгради нова црква во романескен стил. Работата започнала во 1079 година и била осветена на 8 април 1093 година.[4][5] Монасите, по церемонијата на која присуствуваа повеќето бискупи и игумени од цела Англија, се преселиле од Стариот Минстер во новоизградената катедрала. Новата катедрала продолжила да биде една од најважните духовни центри во Англија и место за средба на многу аџии. Од 11 август 1100 година во камбанаријата на оваа црква. која подоцна се срушила, бил погребан кралот Вилијам II (син на Вилијам Освојувачот ), кој загинал во блиската шума за време на лов. Контурите на Стариот министер и денес можат да се видат северно од сегашниот наос.[4]

 
Норманскиот јужен трансепт

Работата на наосот веројатно била прекината во 1107 година кога паднала централната кула,[7] [4][5] но повторно започнала по реконструкцијата на кулата и била завршена пред смртта на Вилијам Гифард, кој бил Винчестерски бискуп од 1100 до неговата смрт во 1129 година. Оваа градба била монументална по својата големина, долга преку 152 метри, и сè уште го сочинува јадрото на денешната градба. [5][8][10]

Готски проширувања

уреди

Првата промена на катедралата од Волкелин била во 1202 година кога епископот Годфри де Луси започнал со изградба на нов раноанглиски ретрохор. Луси умрел во 1204 година, но работата ја продолжиле следните бискупи, и на крајот завршило со рушење на норманската апсида.[7] [5] [8] Во текот на следните векови, катедралата била обновувана и уредувана уште неколку пати.

 
Реновираниот готски наус, најдолг во Европа.

Реставрацијата од 20 век

уреди

Во подрумот на катедралата има три извори, чии води со векови ги нагризувале темелите на катедралата, а на почетокот на 20 век се чинело дека овој објект ќе се сруши. Се установило дека мора да се направи нешто за да се спаси катедралата, но немале соодветна технологија за да се вметне потпорен материјал. Во 1906 година . нуркачот Вилијам Вокер понудил помош. Работите започнале, а Вилијам секој ден се спуштал во поплавениот подрум на катедралата на раце носејќи вреќи со цемент, блокови и греди. Иако многумина се сомневале дека ќе успее, по шест години работа, Вилијам успеал да ги зајакне источната и јужната страна во поплавениот подрум. Се проценува дека за овие шест години работа на раце пренел 500 тони градежен материјал. Поради неговиот подвиг, бил награден со Кралски Викториин орден. Во знак на благодарност, во криптата на катедралата била поставена негова статуа.[11]

Вечно почивалиште

уреди

Погребувања

уреди
 
Гробот на Кардиналот Бофорт

Изложени во мртовечки сандак

уреди
 
Панел со список на мртовечките сандаци во Винчестерската катедрала.

Исто така

  • Хартакнут, крал на Англија (1040–1042), а исто така и на Данска
  • Стиганд, надбискуп од Кантербери (р. 1072)

Првично погребани во Винчестер

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Historic England.
  2. John Crook, ed.
  3. Alec Clifton-Taylor, The Cathedrals of England (Thames & Hudson, 1969)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Winchester Cathedral timeline“ (PDF). Winchester Cathedral. 2015. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-09-16. Посетено на 15 September 2021.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Goodall, John (22 December 2019). „Winchester Cathedral: The tale of a remarkable church and its astonishing contents“. Country Life (англиски). Посетено на 15 September 2021.
  6. „Winchester: The cathedral | British History Online“. www.british-history.ac.uk. Посетено на 15 September 2021.
  7. 7,0 7,1 7,2 Sergeant, Philip Walsingham (1899). The Cathedral Church of Winchester - A Description of Its Fabric And A Brief History of The Episcopal See. London, United Kingdom: G. Bell & Sons – преку Project Gutenberg.
  8. 8,0 8,1 8,2 Parker, Dr. John (2016). „Winchester Stone“ (PDF). Winchester Cathedral. стр. 11–24. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-09-16. Посетено на 15 September 2021.
  9. . ISBN 978-0-520-01671-2. Занемарен непознатиот параметар |язык= (help); Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Занемарен непознатиот параметар |год= (help); Занемарен непознатиот параметар |издательство= (help); Занемарен непознатиот параметар |автор= (help); Занемарен непознатиот параметар |ссылка= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  10. McAleer, J. Philip (1993). „The Romanesque Facade of Winchester Cathedral“ (PDF). Proceedings of the Hampshire Field Club & Archaeological Society. 49: 129–147.
  11. Flood at Winchester. BBC. https://genome.ch.bbc.co.uk/1767d4e06dd743d0be840b64761e057d. 
  12. Park Honan (1987). Jane Austen: Her Life. New York: St. Martin's Press. стр. 407. ISBN 0-312-01451-1.

Библиографија

уреди

Надворешни врски

уреди