Манџово

(Пренасочено од Виногради)

Манџовосело во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Манџово
Виногради
Манџово is located in Бугарија
Манџово
Манџово
Местоположба во областа
Манџово во рамките на Пиринска Македонија
Манџово
Местоположба на Манџово во Општина Свети Врач и Благоевградската област
Координати: 41°30′N 23°23′E / 41.500° СГШ; 23.383° ИГД / 41.500; 23.383
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСвети Врач
Површина
 • Вкупна8.266 км2 (3,192 ми2)
Надм. вис.&10000000000000391000000391 м
Население (2015)
 • Вкупно51
 • Густина0,0.062/км2 (0,016/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2822
Повик. бр.074323

Географија и местоположба

уреди

Селото Манџово се наоѓа на 23 километри југоисточно од Свети Врач и на 4 километри од Мелник. Селото се наоѓа на надморска висина од 391 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 8.266 км2.

Историја

уреди

Според расказите на старите лица, жителите на Манџово потекнуваат од месноста Суракево. Причината за напуштање на областа е чумата што во тоа време владеела во селото. За да се спасат од чумата, луѓето го запалиле селото и се населиле на различни места - Ѕивгелија (сега Зорница), Манчов Чифлик (подоцна Манџово и сега Виногради) и Дере Мислим. За време на нивната економска активност во областа Суракево, која сега се наоѓа на територијата на селото Харсово, мештаните пронашле гробови[1]. Нема податоци за изградба на погребните места, но остатоци од плочи расфрлани низ теренот укажуваат дека тие се гробови направени од плочи. Со нив се поврзани и надгробните плочи со бисти кои се наоѓаат во музејот во Свети Врач.

Османлиско Царство

уреди

Во текот на 19 век, селото е чисто македонско, и припаѓало на Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Аканџали се состоело од 75 куќи од кои 36 жители муслимани и 272 Македонци[2][3] Црквата „Свети Димитар“ била изградена кон крајот на 18 век и почетокот на 19 век.[4] Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Манов (Manof) се состоело од 6 семејства и 25 Македонци[2][5]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Манџово, чифлик кој се наоѓа на другиот брег на реката спроти Чифлици. Надолу помеѓу двете села тече река. Црквата е грчка. Бројот на куќите е исто со онаа во Чифлици: тие се 40, бугарски[2][6]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 300 жители, сите Македонци[2][7]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија[2][8].

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1918 година било отворено основно училиште[9].

До 1934 година името на селото е Маџжово (Манџов, Манчов чифлик)[10] .

Познати фамилии во селото се: Карадакови, Галинови, Чипови, Ноцкови, Митушеви, Балајанкови, Цирови.

Население[2][11]

уреди
Население на Манџово по попис[11]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 514 654 555 524 351 228 173 124 80 51
Население по возраст
од 2011 година
[12]:

Редовни настани

уреди
  • Голема Богородица, или последната сабота-недела на месец август.
  • Св. Трифун се празнува од сите лозари во селото на 1 февруари.

Личности

уреди
Родени

Наводи

уреди
  1. Дремсизова-Нелчинова, Ц. Археологически паметници в Благоевградски окръг. С., 1987
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 190-191.
  4. Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 406. ISBN 954-90006-2-1.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139.
  6. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 25.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 190.
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 192-193.
  9. Цокова Полина и Йордан Симов. Българското образование в Македония 1915–1918 г. – (не)преодоляната криза, Кюстендилски четения 2009. Кризите в историята, София 2011, с. 153.
  10. Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989, стр. 59.
  11. 11,0 11,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Виногради, общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  12. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.