Флоран Маноду ({француски: Florent Manaudou), (роден на 12 ноември 1990 во Вилурбан) — француски пливач кој е специјализиран за дисциплините делфин и краул. Тој е олимписки шампион на 50 м краул од Летните олимписки игри 2012 во Лондон. Неговиот татко е французин а неговата мајка е Холанѓанка, а тој е помлад брат на Лор Маноду, која е исто така олимписка златна медалистка.

Флоран Маноду
Florent Manaudou
220px}}
Маноду во 2012 година.
Лични информации
Националност Франција
Роден на12 ноември 1990(1990-11-12)(34 г.)
Роден воВилурбан, Франција
Висина1.99 м
Тежина99 килограми
Спорт
ДисциплиниДелфин, краул
КлубПК Марсеј

Личен живот

уреди

Тој првпат почнал да плива под раководство на неговиот постар брат, Николас Маноду, а потоа се приклучил на пливачкиот клуб во Марсеј, Франција. Во 2007 тој бил младиснки шампион на Франција во дисциплината 50 м краул. Во 2009, тој се приклучил на Француската армија и моментално е во артилериски полк.

Тој и неговата сестра Лор се првите роднини кои освоиле златен медал во пливање.

Пливачка кариера

уреди

Во неговата единствена поединeчна дисциплина на Светското првенство 2011 во Шангај, на 50 м делфин, Маноду се пласирал на петтото место во финалето со време од 23.49.[1] Тоа било послабо време од времето кое го испливал во преелиминациите (23.31) и во полуфиналето (23.32).[2][3] Маноду исто така се натпреварувал и во штафетната трка на 4×100 м мешано и делницата во стилот делфин ја испливал за 54.02. Францускиот тим не се пласирал во финалето со време од 3:36.21.[4]

На Француското изборно натпреварување за ЛОИ 2012, Маноду се квалификувал за Летните олимписки игри 2012 во Лондон со пласманот на втората позиција зад Амори Лево во дисциплината 50 м краул со време од 21.95. И покрај пласманот на олимписките игри со само 10. најбрзо време на 50 м краул во 2012 година, Маноду го освоил златниот медал во единствената дисциплина на која пливал на игрите. Со тоа тој станал првиот машки освојувач на златен медал во дисциплината 50 м краул и шестиот француски олимписки шампион во поединечна дисциплина.[5] Пливајќи во седмата линија во финалето, Маноду испливал прв на целта со време од 21.34 пред Кулен Џонс и фаворитот Цезар Сиело кој бил бранител на олимпиското злато и светскиот рекорд. Маноду забележал време од 22.09 во преелиминациите и 21.80 во полуфиналето.[6][7]

Наводи

уреди
  1. 2011 World Aquatics Championships: Men's 50 m butterfly results (final), од OmegaTiming.com; retrieved 2012-08-28.
  2. 2011 World Aquatics Championships: Men's 50 m butterfly results (heats), од OmegaTiming.com; retrieved 2012-08-28.
  3. 2011 World Aquatics Championships: Men's 50 m butterfly results (semifinals), од OmegaTiming.com; retrieved 2012-08-28.
  4. 2011 World Aquatics Championships: Men's 4×100 m medley relay results (heats), од OmegaTiming.com; retrieved 2012-08-28.
  5. „Swimming at the 2012 London Summer Games: Men's 50 metres Freestyle Final“. Sports Reference LLC. Архивирано од изворникот на 2012-10-31. Посетено на 2012-08-05.
  6. „Swimming at the 2012 London Summer Games: Men's 50 metres Freestyle Round One“. Sports Reference LLC. Архивирано од изворникот на 2012-10-31. Посетено на 2012-08-05.
  7. „Swimming at the 2012 London Summer Games: Men's 50 metres Freestyle Semi-Finals“. Sports Reference LLC. Архивирано од изворникот на 2012-10-31. Посетено на 2012-08-05.

Надворешни врски

уреди