Википедија:Одземање на администраторски статус/FlavrSavr
- Следнава дискусија е зачувана како архивирано барање за отстранување на администраторски статус кое е успешно. Ве молиме, не менувајте ја оваа страница.
Содржина
Искажете го вашето мислење (разговор)
- Здраво, ова го гледам со ден-два задоцнување. Овие месеци главно сум активен на англиската Википедија. Не сум сигурен што добива Википедија на македонски јазик со мое или било чие одземање на администраторски права. Не е дека спречувам некого да си ја работи работата или па има ограничен број места за администратори, па мора да се ослободи некое. Википедија и Викимедија се мој интерес веќе повеќе од деценија, всушност минатата среда се запознав со Chief of Staff на Фондацијата Викимедија и ја презентирав историјата на нашиот проект. Во план ми беше реактивација. Тајмингот на ова гласање не е баш најсреќно и искрено се надевам нема политичка заднина. Разочарувачки е тоа што не сум контактиран и по e-mail, иако тоа го налагаат правилата. Исто така, рокот е еден месец, не една недела. Некои од вас можеле да контактираат и по други канали, но тоа е сосема друг муабет. --FlavrSavr (разговор) 01:50, 14 јули 2020 (CEST)[одговори]
- @FlavrSavr: Иако е завршено гласањето тука, јас се чувствувам должен да ти одговорам, бидејќи јас го покренав барањето. Барањето за одземање на статусот го поднесов од една и единствена причина, што ти не вршиш администраторски работи на самата Википедија, ниту оценуваш статии, ниту патролираш промени, ниту блокираш некому, што е суштината на администраторот. Како и на сите други, пак ќе повторам, овој статус е одговорност, а не привилегија. Па така, макар и двајца администратори да има Википедија на македонски јазик, тие двајца треба да работат. Ако некогаш јас сум неактивен, треба да ми се одземе. Ако се активираш, пак ќе поднесеш и ќе си има доделување. За благонавременото известување, јас те известив на твојата страница за разговор, каде секогаш и стигнува мејл. Ова што си го пратил е на англиската Википедија, кај нас не е дефинирано дека треба посебен мејл со известување, туку доволно е порака на страницата за разговор. Единствено што можеби требаше да направам е да те известам преку други канали, бидејќи се знаеме и извини за тоа. Само малку е нефер да внесуваш политика во ова, ама ајде. --Ehrlich91 (разговор) 09:56, 14 јули 2020 (CEST)[одговори]
- @Ehrlich91: Може да видам каде се напишани овие правила? --FlavrSavr (разговор) 12:06, 14 јули 2020 (CEST)[одговори]
- Википедија:Одземање на администраторски статус.--Ehrlich91 (разговор) 13:22, 14 јули 2020 (CEST)[одговори]
- А за бирократи? Малку е различно и имаат различни улоги... --FlavrSavr (разговор) 13:18, 15 јули 2020 (CEST)[одговори]

(6/0/2); Закажано да заврши во 21:23 ч. на 12 јули 2020 г. (CEST)
FlavrSavr (разговор • придонеси) — Неактивен администратор Ehrlich91 (разговор) 21:23, 5 јули 2020 (CEST)[одговори]
Образложение
уредиОвде нема образложение. Освен тоа не знам зошто се брза со ова среде лето кога луѓето се по одмори?! Wikimk (разговор) 13:25, 7 јули 2020 (CEST)[одговори]
- Статистика за администраторски работи за 2020 година (тука) --Ehrlich91 (разговор) 14:06, 7 јули 2020 (CEST)[одговори]
Основни податоци
уредиВе молиме бидете конструктивни и учтиви во Вашите коментари. Ако не го познавате номинираниот доволно, Ве молиме детално прегледајте ги неговите придонеси пред да коментирате.
Дискусија
уредиЗа
уреди- --Инокентиј (разговор) 09:26, 6 јули 2020 (CEST)[одговори]
- --Тиверополник (разговор) 14:09, 6 јули 2020 (CEST) Администраторот е неактивен веќе подолго време, и доколку нема намера да се активира во следниот период, јас мојот глас го давам за одземање на администраторскиот статус.[одговори]
- --Б. Јанкулоски (разговор) 01:19, 7 јули 2020 (CEST) Заради неактивноста во својство на администратор, според правилата.[одговори]
- --Ehrlich91 (разговор) 14:06, 7 јули 2020 (CEST)[одговори]
- --Никола Стоіаноски 14:37, 7 јули 2020 (CEST)[одговори]
- --Carshalton 16:34, 7 јули 2020 (CEST)[одговори]
Против
уредиВоздржани
уреди- Се согласувам дека неактивноста како причина за одземање на администраторскиот статус е во ред, но во овој случај се работи за корисник кој истовремено е и бирократ, па затоа не сум најсигурен дека предлог за одземање администраторски статус треба да има моќ да одзема и повисок статус. Во случај да се работи за недолично однесување или злоупотреба на администраторските права, тогаш сигурно би гласал со „За“ и дури би бил за блокирање во зависност од престапот. Но, кога причината е неактивност, мислам дека е дискутабилно. Ова е работа којашто во најмала рака треба да биде дискутирана од страна на заедницата, исто како што треба да се уреди начинот на доделување бирократски статус.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:38, 7 јули 2020 (CEST)[одговори]
- Се согласувам со Кирил. Wikimk (разговор) 17:21, 7 јули 2020 (CEST)[одговори]