Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Во 997, големиот везир и татко на Стефан Геза починал, па започнале борби за избор на негов наследник. Стефан се согласил да владее над Унгарците според христијанскиот принцип на божја милост, додека неговиот чичко Копањ, кој бил голем паган во Шомоѓ го имал висинското право на наследник. Постои можност дека двајцата се соочиле во битката крај Веспрем и Стефан, кој излегол како победник , ја презел титулата, голем везир на Унгарците. Повеќе...
Во западната литература, името на првиот крал на Унгарија е Стефан или Свети Стефан по неговата канонизација во 1073, но оригиналниот унгарски назив е Иштван. Во статијата на некои места се наведува Стефан, а на некои Иштван, но сепак станува збор за истата личност.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:56, 3 август 2009 (UTC)
Ако е така, тогаш би требало или да се смени тоа на сите места да ставиме Иштван, или пак во воведната секција да ставиме ознака до името или посебна реченица која го објаснува ова - таа реченица може да биде оваа Кирил што ја напишал, со мали модификации.--Макс(разговор) 11:18, 6 август 2009 (UTC)
Статијата е рецензирана, правописните грешки се поправени и направени се додатни промени, кои не го менуваат карактерот на статијата. Инаку за употребата и на Иштван и на Стефан, доволно зборува и воведната реченица во статијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:26, 6 август 2009 (UTC)
Луѓе, ве молам ставајте врска на почетните, задебелени букви од овие извадоци и на извадокот кој оди на главна. Наместо „Свети Иштван I (967/969/975 - 1038) бил голем везир...“ нека биде „Свети Иштван I (967/969/975 - 1038) бил голем везир...“. Мала ситница која многу иритира оти не можеш веднаш да кликнеш и да стигнеш до статијата, туку мора да го бараш она „повеќе...“ на дното. --Brainmachinewtf? 18:38, 6 август 2009 (UTC)
Не се секирај. Ова е само протоверзија. Верзијата, која ќе излезе на главната страница, кога статијата ќе биде објавена, ќе биде подобра, а ќе содржи и листа на претходно објавени статии. Веќе кога се вклучи во дискусијата, добро ќе биде да помогнеш и овде малце.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:11, 6 август 2009 (UTC)