Википедија:Избрана статија/2019/20
Евровизија — годишен натпревар одржан помеѓу повеќе активни членки на Европскиот радиодифузен сојуз.
Секоја земја учесничка доставува песна која ќе биде изведена во живо на телевизија или радио, а потоа доделува гласови на песните на другите земји за да се одреди најпопуларната песна во конкуренцијата. Изборот се емитува секоја година од неговото воведување во 1956 година и е еден од најдолготрајните телевизиски програми во светот. Исто така е и еден од најгледаните не-спортски настани во светот, со бројка на гледаност помеѓу 100 и 600 милиони на меѓународно ниво во последните неколку години. Евровизија исто така се емитува и надвор од Европа на места како Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Колумбија, Египет, Индија, Јапонија, Јордан, Мексико, Нов Зеланд, Филипини, Јужна Кореја, Тајван, Тајланд, САД, Уругвај и Венецуела и покрај фактот што тие не учествуваат. Од 2000 година изборот се емитува и преку интернет, со што во 2006 година, повеќе од 74.000 луѓе во скоро 140 земји го гледале онлајн.
Уметници чии кариери биле во центарот на вниманито по нивните настапи и победиле на Евровизија се: Доменико Модуњо, кој освоил трето место со песната „Nel blu dipinto di blu“ во 1958 година, групата АББА, која победила за Шведска на изборот во 1974 година со нивната песна „Waterloo“, Селин Дион, која победила за Швајцарија во 1988 година со песната „Ne partez pas sans moi“ и шпанскиот пејач Хулио Иглесијас кој продал преку 300 милиони плочи ширум светот. (Дознајте повеќе...)