Википедија:Избрана статија/2011/41
Норманите (или Нордијци) биле германски народ кои ја населиле Скандинавија во текот на средниот век. Зборувале старонордиски јазик, кој бил класичен јазик на северногерманската гранка јазици која се развила од прагерманскиот јазик во тек на раните векови на почетокот на претходниот милениум. Живеејќи далеку од Рим, Норманите практикувале паганска религија подолго од било кои други нивни германски сродни народи.
Развивајќи добри вештини во занаетчиство, трговија и војување докај средниот век, Норманите се прошириле на широко подрачје во тек на викиншкиот период. Овие експанзии резултирале со откривање на Исланд, Гренланд и Северна Америка, и освојување на делови од Британија, Ирска и Франција. На исток, според некои теоретичари, Нордиските Викинзи познати како Руси ја воспоставиле руската држава за контрола на трговските патишта од Балтичкото Море до Арабија, преку Волга, и до Цариград. Освен тоа, Норманите напишале неколку литературни дела, како едите и сагите, кои на историчарите им даваат вредни сознанија за историјата и културата на раните германски народи.
Со христијанизацијата на Скандинавија и појавата на лигата „Ханза“, нордискиот начин на живот се променил, а современите потомци на Норманите денес се нарекуваат Скандинавци. (Дознајте повеќе...)