Вестерн унион (филм од 1941)
„Вестерн Унион“ (англиски: Western Union) – американски филм од 1941 година, во режија на Фриц Ланг (Fritz Lang) по сценариото на Роберт Карсон, засновано врз романот на Зејн Греј (Zane Gray). Главните улоги ги толкуваат: Рандолф Скот (Randolph Scott), Роберт Јанг (Robert Young), Дин Џегер (Dean Jagger), Вирџинија Гилмор (Virginia Gilmore), Бартон Меклејн (Barton MacLane) и Џон Карадин (John Carradine). Овој филм е еден од трите вестерни кои ги снимил Ланг по преселбата во САД.[1]
Синопсис
уредиДодека бега од потерата, каубојот Ванс Шо (го игра Скот) налетува на повреден човек и му го спасува животот, а потоа бега понатаму. Подоцна, повредениот човек, Едвард Крејтон (го игра Џегер), кој е главен инженер на фирмата Вестерн унион, вработува луѓе задолжени за поставување телеграфска линија од Омаха до Јута при што го вработува и Ванс. Набргу, Ванс се вљубува во сестра му на Едвард, Сју (ја игра Гилмор), но во неа се вљубува и младиот Ричард Блејк (го игра Јанг), кој штотуку доаѓа од источниот дел на САД. По некое време е појавуваат гласови дека индијанските племиња се обидуваат да го попречат поставувањето на телеграфската линија, но Ванс открива дека тоа е дело на бандата што ја предводи неговиот брат Џек (го игра Меклејн). Сепак, за да го прикрие своето минато, тој не му ја кажува вистината на Едвард. Меѓутоа, една ноќ, Ванс е заробен од бандата на Џек, а злосторниците предизвикуваат пожар во логорот на работниците на Вестерн унион. Ванс успева некако да се ослободи и во последен миг пристига во логорот за да им помогне на работниците. Тогаш, Едвард го отпушат од работа, а Ванс оди во градот за да се пресмета со Џек, но претходно му кажува на Ричард дека разбојникот Џек е неговиот брат. Во престрелката, Џек го убива Ванс на нечесен начин, но во тој миг се појавува Ричард, кој го убива Џек. На крајот од филмот, Вестерн унион прави прослава по повод завршувањето на телеграфската линија, а Едвард, Ричард и Сју се присетуваат на Ванс.
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |