Верољуб Андоновски

Верољуб Андоновски македонски новинар и публицист, роден на 22 јануари1938 година во Куманово, починал на 16 окромври 1998 година во Скопје[1].

Животопис уреди

Верољуб Андоновски основно и средно училиште завршил во родно Куманово,а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата југословенска книжевност). Уште како студент се ангажирал и работел како новинар во весникот Нова Македонија во 1960 година. Во студентски денови бил член и еден од основачите на факултетскиот книжевен клуб Мугри. Од непознати причини, во 1959 година, дружината Мугри била преименувана во Мугри 59, чии основачи, според Иван Чаповски, биле: Верољуб Андоновски,[[Мето Петровски, Иван Чаповски, Бранко Стојановски, Гордана Михаилова - Бошнаковска, Мирољуб Стојановиќ од Ниш, Кирил Бујуклиев, Аце Миленковски и Зоран Павловиќ од Приштина. Според кажувањата на Гордана Михаилова - Бошњаковска, таа членувала во „Мугри 59“ од 1960 до 1963 година.[2]

Верољуб Андоновски го минал сиот работен век од соработник на коментатор и уредник од областа на образованието, науката и културата, уредник на подлистокот за култура Лик, во весникот Нова Македонија. Исто така, голем дел од животот го посветил на пишување фељтони и публикации за расветлување на вистина на македонското минато, од 1970 до крајот на својот живот.

Верољуб Андоновски е татко на македонскиот писател Венко Андоновски и новинарот Ведран Андоновски.

Дела уреди

Автор е на повеќе публицистички книги за НИП „Нова Македонија“ и на избори од неговите фељтони.

  • Предавства и политички убиства. Историски фељтони. Куманово, 1983;
  • ВМРО – подем и раскол, Скопје, 1992;
  • Основнта на минатото – Ванчо Михајлов, Скопје, 1990;
  • Сеништа, 1998,
  • Сто години сегашност. Скопје, 2003;


  • Во чекор со државноста, Прилог за монографија „Нова Македонија“ 1944-1984, Скопје, 1984;
  • Печат на времето – печатот на „Нова Македонија, Скопје, 1994. С. Мл.

Наводи уреди

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, 2009.
  2. Спасе Шуплиновски, „Догодина 50 години Мугри“, Мугри, Алманах бр. 10. Скопје: Сојуз на студенти на Филолошкиот факултет, 2005, стр. 113.