Вајнберген

општина во Германија

Вајнберген (германски: Weinbergen) — поранешна општина во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Општината била создадена на 30 јуни 1994 година со спојување на општините Болштет, Грабе, Хенгеда и Зебах во рамки на тогашната административна реформа и постоела до 31 декември 2018 година. Општината била припоена кон градот Милхаузен.[1]

Вајнберген
Место во Милхаузен
Водениот замок во Зебах
Водениот замок во Зебах
Водениот замок во Зебах
Грб на Вајнберген
Вајнберген во рамките на Германија
Вајнберген
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Унштрут-Хајних
Град Милхаузен
Основни податоци
Површина 43,77 км2
Надм. височина 191 м
Население 3.068  (31 декември 2017)
 - Густина 70 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. UH
Пошт. бр. 99998
Повик. бр. 03601
Портал www.weinbergen.de
Координати 51°12′0″N 10°31′59″E / 51.20000° СГШ; 10.53306° ИГД / 51.20000; 10.53306

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Општината Вајнберген се наоѓала во северозападниот дел на градот Милхаузен. На североисток се граничела со Кернер, на југоисток со некогашната општинска заедница Унштрут-Хајних и на запад со општината Фогтај.

Општински единици

уреди

Општината Вајнберген била составена од следниве места:

  • Болштет
  • Грабе
  • Хенгеда
  • Зебах

Општинската администрација била сместена во Болштет.

Наводи

уреди
  1. „Gemeinde Weinbergen“. Архивирано од изворникот на 2019-01-09. Посетено на 2019-01-09.

Надворешни врски

уреди