Фогтај (Тирингија)
Фогтај (германски: Vogtei) — општина во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Била создадена на 31 декември 2012 со спојување на поранешните општини Лангула, Нидердорла и Обердорла.
Фогтај | |
Црква во Обердорла | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Унштрут-Хајних |
Месни единици | 3 |
Градоначалник | Кристијан Хехт (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 49,50 км2 |
Надм. височина | 227 м |
Население | 4.260 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 86 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | UH |
Пошт. бр. | 99986 |
Повик. бр. | 03601 |
Местоположба на Фогтај во рамките на округот Унштрут-Хајних | |
Координати | 51°9′25″N 10°25′40″E / 51.15694° СГШ; 10.42778° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиФогтај се наоѓа во јужниот дел на округот Унштрут-Хајних, јужно од окружниот град Милхаузен.
Општински единици
уредиОпштината Фогтај е составена од следниве места:
- Обердорла
- Нидердорла
- Лангула
Соседни општини
уредиОпштината се граничи со Родеберг и Милхаузен на север, Оперсхаузен и Камерфорст на југ, со општините Наца и Халунген од округот Вартбург на југозапад, како и со местото Хајероде на општината Зидајхсфелд на запад.
Центар на Германија
уредиВо местото Нидердорла се наоѓа центарот на Германија. Оваа точка е одредена како средна вредност од координатите на најсеверната и најјужната, како и на најисточната и најзападната точка.
-
Кајзерлинде во географскиот центар на Фогтај
-
Фогтај
-
Историска порта
-
Езерце во Фогтај
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди- Фогтај (Тирингија) на Ризницата ?
Оваа статија за место во округот Унштрут-Хајних е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |