Васил Дијамандиев

(Пренасочено од Васил Диамандиев)

Васил Дијамандиев (30 јануари 1839 - 1 мај 1912) — македонски просветен работник, публицист и револуционер.[1][2]

Васил Дијамандиев
Роден 30 јануари 1839 или 1840
Охрид, Македонија
Починал 1 мај 1912
Софија, Бугарија

Животопис

уреди

Роден е во Охрид. Основно образование завршил во родниот град. Учителствува во Охридско (1855-1857). Потоа го продолжува студирањето во Русија (1858 година). На Московскиот и Киевскиот универзитет посетува студии по физика и математика.[1][2]

Се вратил во Македонија и учителствувал во Кукуш (1861-1866 година), Велес и Охрид (1867-1868). Паднал во немилост на патријаршискиот грчки владика во Охрид, кој успеал преку интриги, со помош на турските власти, да го затворат. Откако излегол од затвор, по трет пат оди во Русија. Работел како учител во Бесарабија, каде што истовремено ги редактирал и весниците „Ехо на Болград и „Јалпуг (1872-1873).[1][2]

Српско-турска војна

уреди

Бил мошне активен по избувнувањето на Српско-турската војна (1876 година). Тој бил иницијатор за основање на комитет за помагање на борбата на другите балкански народи за ослободивање од турското владеење. Со оваа цел, се сретнал во Букурешт, со бугарските првенци Георги Раковски, Хаџи Димитар, Стефан Караџа и други.[1]

Руско-турска војна

уреди

За време на руско-турската војна (1877-1878) го активирал споменатиот комитет. После Берлинскиот конгрес (1878) испраќал петиции до големите сили за решавање на македонското прашање.[1][2]

Македонско востание

уреди

За време на Македонското востание станал член на софискиот комитет „Единство“.[3]

Политичка активност

уреди

Кога во 1880 г. во Грамен Теке, Островско, Егејска Македонија, се одржало Македонско национално собрание и се формирала Привремена влада на Македонија - Единство, во Русе, Бугарија, ја формирал Македонската лига,[4] составена главно од Македонци кои учествувале во Руско-турската војна (1877-1878).[2] Лигата е едно од првите здруженија на Македонци во Бугарија.[2][4]

Васил Дијамандиев бил нејзин претседател,[4] во времето кога Лигата испратила Меморандум до големите сили и Манифест до македонскиот народ со барање за автономија на Македонија со седиште во Солун и возобновување на Охридската архиепископија со седиште во Солун.[2]

Од 1882 до 1884 г. во Софија го раководел Македонското благотворно друштво, а потоа работи во друштвото „Македонски глас“.[1]

Во 1886 г. станува член на Тајниот македонски комитет. Организира испраќање на комитски чети од Бугарија во Македонија.[1]

Својот бурен револуционерен, општествен и културно-просветен живот го завршува во 1912 година во бугарскиот главен град Софија.[1][2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 156. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 90–91. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Дойнов, Дойно. Кресненско-Разложкото въстание, 1878-1879, София, 1979, стр. 283
  4. 4,0 4,1 4,2 Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980.

Надворешни врски

уреди