Ванчо Чавдарски
Ванчо Чавдарски (3 март 1930 - 8 декември 2001)[1] — диригент.
Ванчо Чавдарски | ||
Роден | 3 март 1930 с. Владимирово, Југославија | |
---|---|---|
Починал | 8 декември 2001 Бризбејн, Австралија | |
Националност | Македонец | |
Занимање | диригент |
Животопис
уредиДипломирал диригирање на Белградската музичка академија во класата на проф. Живоин. Здравковиќ, а специјализирал во Германија и во САД. Уметничката кариера на Чавдарски тргнува во доцните триесетти години од беровско Владимирово, преку [[Скопје и [[Белград каде што се школува, а потоа и преку Германија и Америка, каде што специјализира диригирање. [2]
Во периодот 1960-1970 тој е диригент во Операта при МНТ, на чија сцена постави бројни оперски дела, а од 1965-1970 е директор на [[Македонска филхармонија. Од 1970 година со успех настапува во странство со постојани ангажмани во Австралија, Јужна Кореја, Нов Зеланд]], Тасманија, а гостува и во САД, Венецуела, Италија, во Шпанија. Од 1982 тој е шеф диригент на Симфонискиот оркестар на РТВ Белград]], а покасно работи во Англија, и повторно во Македонија, во Операта при МНТ. Во периодот од 1994-2001 Чавдарски е почесен професор на Јужнокорејскиот Конзерваториум во Сеул[3].
Во текстови посветени на негова годишнина од раѓање, има цитати од негово интервју каде што вели оти е како скитник кој нема постојано место на живеење, но дека Македонија му е вечно во душата. Случувањата во неговиот живот се одвиваа како на филмска лента, а теоретичарите го нарекуваа македонски Одисеј. Со него сакаа да настапуваат светски солисти, низ светските подиуми добиваше овации, аплаузи и над десет минути.
Кариера
уредиРеализирал обемен симфониски, оперски (Аида, Бал под маски, Грабнување од Сарајот, Палјачи, Севилскиот бербер, Веселата вдовица) и балетски репертоар (Жар-птица, Вибрации, Жизела). [4].
Награди
уредиДобитник е на втора награда на меѓународниот натпревар на млади диригенти во Ливерпул, Англија. Од 1965 до 1970 година. За својата диригентска уметност, маестро Чавдарски е наградуван во земјата и во странство, а се издвојува медалот “Жан Филип Рамо” на градот Дижон во Франција. Диригирал со врвни европски и светски оркестри, и на сите континенти, остварувајки врвни резултати.[5].
Починал во Бризбејн, Австралија на 8 декември 2001 година.