Вангероге
Вангероге (германски: Wangerooge; во минатото и долногермански: Wangeroog) — еден од 32. Фризиски Острови и општина во округот Фризија, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Кон општината припаѓа и ненаселениот остров Минзенер Ог.[2]
Вангероге | |
Воздушен поглед на Вангероге | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Фризија |
Градоначалник | Марсел Фангор (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 7,94 км2 |
Надм. височина | 1−17 м |
Население | 1.197 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 151 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | FRI |
Пошт. бр. | 26486 |
Повик. бр. | 04469 |
Портал | |
Местоположба на Вангероге во рамките на округот Фризија | |
Координати | 53°47′27″N 7°53′57″E / 53.79083° СГШ; 7.89917° ИГД |
Островот се наоѓа во рамки на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“. Тој е најисточен од седумте населени Источнофризиски Острови и со површина од 7,94 километри квадратни втор најмал населен остров од групата. Единствен од Источнофризиските Острови не припаѓа на историската територија Источна Фризија, туку историски е дел на областа Јеферланд.
Главна стопанска дејност на островот е туризмот, а на него се забранети возила. Исто така, островот е здравствена приморска бања.
Географија
уредиМестоположба
уредиВангероге е германски остров во јужниот дел на Северното Море. Тој е најисточен од седумте населени Источнофризиски Острови. Островот се протега во насока исток-запад во должина од 8,5 километри. Во насоката север-југ максимално е широк 2,2 километри во западниот дел, додека во останатиот дел е широк 1,2 километри. Оддалеченоста од копното изнесува седум километри. Западно од Вангероге, одвоен од морски гат („морски проток“) наречен Харле, се наоѓа островот Шпикерог од кого е оддалечен два километри. Два километри југоисточно, одвоен од морски гат Блауе Балје, се наоѓа островот Минзенер Ог. На север се наоѓа плажа која е долга три километри и долга 100 метри. На исток се наоѓа поле со песочни наслаги во должина од три километри и широко 500 метри. На западниот дел од островот има уште две плажи долги половина километар и еден километар. Јужно од островот се наоѓа Ваденското Море, кое како и самиот остров припаѓа на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“. Највисока точка на островот е една дина со височина од 17 метри; на нејзе во 1990 година е направена платформа за набљудување. Останатите дини достигнуваат височина до 12 метри.
Површина
уредиСо површина од 7,94 квадратни километри (2008), Вангероге е втор најмал остров од населените ИсточноФризиски Острови по Балтрум, иако според некои податоци може да е и поголем. Поголемата бројка ја вклучува и површината на плажите, кои лежат под линијата на средната плимна поплава. Овие подрачја обично се потопувани од Северното Море и затоа не се сметаат за копно.
Население
уредиБројката за население се засновува на последниот попис од 25 мај 1987 година, кога на островот живееле 868 жители. Оваа бројка морала да биде поправена со пописот од 2011 година: на 9 мај 2011 година на островот имало 1.278 жители[3] или 1.311 жители.[4][5] Невообичаената голема корекција била највисока таква во Германија за општина од оваа големина. Повисоки коректурни вредности имало само во пет други помали општини.[6]
Пејзажи
уредиВангероге се состои од следниве пејзажи:
- плажа (2,5 квадратни километри)
- дини со 11 километри должина (1,7 км2) и брани со 6 километри должина
- Аусенгроден како мочуриште (околу 2,1 километар квадратен)
- Иненгроден како мочуриште (околу 2,1 километар квадратен) со:
- Вестгроден со пасиште (47 хектари)
- Дорфгроден со површината на селото (20 хектари)
- Остгроден со пасиште и аеродромот (100 хектари).
Во западниот дел на Аусенгроден се наоѓа солено езеро, наречено „Лагуна“. Тоа настанало во 1912 година кога се правела брана. Плиткото езеро станало важна станица за птиците.
Во минатото, калливиот морски брег помеѓу островот и копното бил порамен. Веќе во XV век е известувано дека грофот Тано Дурен доаѓал на островот со коњска кола. Во XVIII век постоел пат помеѓу Минзен и Вангероге.
-
Поглед на островот со западната кула
-
Две дупки од бомби полни со вода од 1945 година во Иненгроден
-
Поглед на уништениот светилник Остбаке Вангероге
-
Остатоци од бродски док
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „Objektinformationen zu WMS Ebenen“. GDI-NI. Landesbetrieb Landesvermessung und Geobasisinformation Niedersachsen. Посетено на 2019-09-30.
- ↑ Melanie Hanz (2013-06-01). „Zensus 2011 Friesland: Friesland verliert durch Statistik 1300 Bürger“. Nordwest-Zeitung (германски). Посетено на 2019-09-30.
- ↑ „Zensusdatenbank - Ergebnisse des Zensus 2011“. Архивирано од изворникот на 2013-06-05. Посетено на 2019-07-15.
- ↑ Обете бројки биле објавени од медиумите. Во базата на податоци на пописот стои бројката од 1.311. Погледнете: https://ergebnisse.zensus2011.de/#StaticContent:034550021021,ROOT,ROOT Архивирано на 5 јуни 2013 г.,
- ↑ „Alle politisch selbständigen Gemeinden in Deutschland nach Bevölkerung am 31. Dezember 2011 auf Grundlage des Zensus 2011 und früherer Zählungen“. Gemeindeverzeichnis-Sonderveröffentlichung, Gebietsstand: 31. Dezember 2011. Statistisches Bundesamt. 2013-05. Посетено на 2019-09-30. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)