Валид Азару, исто така познат како Азаро (роден на 11 јуни 1995 во Аит Мелул) - марокански фудбалер, напаѓач на Ал-Итифак на заем од Ал Ахли и на мароканската репрезентација.

Валид Азару
Лични податоци
Роден на 11 јуни 1995(1995-06-11)(29 г.)
Роден во Аит Мелул, Мароко
Држава Мароко Мароко
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Ал-Итифак
Број 9
Младинска кариера
Дифаа Ел Жадидa Дифаа Ел Жадидa
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015-2017 Дифаа Ел Жадидa Дифаа Ел Жадидa 54 (18)
2017- Ал Ахли Ал Ахли 60 (26)
2020- Ал-Итифак 5 (3)
Репрезентација
2017- Мароко Мароко 9 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2012
** Ажурирано на: 6 јануари 2012

Технички одлики

уреди

Азаро е централен напаѓач,[1][2][3] ефикасен во играта во воздухот[4] агилен во движењата[2][3] и физички моќен.[2][3] Често склон да се жртвува[1] во фазата без посед на топка, има тенденција да се враќа за да може да го притисне противничкиот изнесувач на топката.[1]

Клупска кариера

уреди

Азару ја започнал својата кариера во екипата на Дифаа Ел Жадида во која дебитирал како професионалец во 2015 година. По две сезони во Дифаа во кои одиграл преку 60 натпревари во сите натпреварувања и постигнал 21 гол, во 2017 година тој се преселил во египетскиот гигант Ал Ахли за 1.4 милиони долари,[5][6] потпишувајќи четиригодишен договор за плата од 300.000 долари[7] - која може максимално да се искачи до 450.000 долари - по сезона.[5]

Иако првично бил на удар на разни критики[3][4][8][9] правејќи некои невероватни промашувања пред противничкиот гол,[3][4][10] сепак тој успел да ја врати довербата на тренерот Ел-Бадри[8] постигнувајќи хет-трик на 22 октомври против Етуал ду Сахел, помагајќи им на своите соиграчи да го поништат поразот од првиот натпревар и да изборат пласман во финалето на Лигата на шампионите,[10][11] во кое сепак последователно загубиле од Видад Казабланка.

На 8 јануари постигнал еден од трите гола за Ал Ахли во победата со 3-0 на гости против Замалек во Дербито на Каиро.[12] На 12 јануари 2018, Азару го постигнал единствениот гол во Суперкупот на Египет 2017 во 101-вата минута од продолженијата, со кој му донел победа на Ал Ахли над Ал Масри со 1-0.[13] Неговата прва сезона во клубот ја завршил како најдобар стрелец во Египетската Премиер лига со 18 постигнати голови, поставувајќи рекорд за најмногу постигнати голови од странски играч во првенството, со што ги надминал Флавио Амадо и Џон Утака кој постигнале по 17.[14] Неговите голови исто така му помогнале на Ал Ахли да ја освои 40-тата првенствена титула.[15]

Во јануари 2020, Азару се преселил во екипата на Ал-Итифак од Саудиска Арабија, на шестмесечен заем.[16]

Репрезентативна кариера

уреди

На 31 октомври 2016 година, селекторот Ерве Ренар одлучил да го повика Азару во репрезентацијата за натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2018 против репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.[17][18] Сепак, во оваа прилика тој останал целиот натпревар на клупата, како неискористена замена. Своето деби за "Лавовите од Атлас" го направил на 24 март 2017 година против Буркина Фасо во пријателски натпревар, играјќи во завршните неколку минути, на местото на Фајсал Фајр.[19]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Мароко
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
24-03-2017 Маракеш Мароко   2 – 0   Буркина Фасо Пријателска -   88'
28-03-2017 Маракеш Мароко   1 – 0   Тунис Пријателска -   60'
31-05-2017 Агадир Мароко   1 – 2   Холандија Пријателска -   46'
10-06-2017 Јаунде Камерун   1 – 0   Мароко Квал. за АКН 2019 -   74'
27-03-2018 Казабланка Мароко   2 – 0   Узбекистан Пријателска -   62'
13-10-2018 Казабланка Мароко   1 – 0   Комори Квал. за АКН 2019 -   75'
20-11-2018 Радес Тунис   0 – 1   Мароко Пријателска -   46'
6-9-2019 Маракеш Мароко   1 – 1   Буркина Фасо Пријателска -   75'
10-9-2019 Маракеш Мароко   1 – 0   Нигер Пријателска -   66'
Вкупно Настапи 9 Голови 0

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана 12 јануари 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2015-2016   Дифаа Ел Жадида Б1 26 6 КТ 0 0 - - - - - - 26 6
2016-2017 Б1 28 12 КТ 7 3 - - - - - - 35 15
Вкупно Дифаа Ел Жадида 54 18 7 3 - - - - 61 21
2017-2018   Ал Ахли ПЛ 28 17 КЕ 0+1 1 КЛШ+АЛШ+КЛШ 6+4+0 4+1+0 СЕ 1 1 27 16
Вкупно во кариерата 82 35 8 4 10 5 0 0 88 37

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Ал Ахли

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Walid Azarou's agent confirms player's move to Al Ahly“ (англиски).
  2. 2,0 2,1 2,2 „Ahmed El-Sheikh praises Al Ahly teammate Walid Azarou“ (англиски).
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „AZARO, THE FRAGRANCE OF RAW TALENT“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-04-15. Посетено на 2018-04-14.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Ahly seek return to African summit“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-01-26. Посетено на 2018-04-14.
  5. 5,0 5,1 „Morocco international Walid Azaro snubs Europe for Al Ahly“ (англиски).
  6. „Ahly sign Moroccan striker Azaro for four years“ (англиски).
  7. „Azarou starts training with Al Ahly“ (англиски).
  8. 8,0 8,1 „Walid Azaro: Criticism only makes me better“ (англиски).
  9. „AZARO, AHLY'S LETHAL WEAPON“ (англиски).
  10. 10,0 10,1 „Hossam El-Badry asks fans not to overhype Walid Azarou“ (англиски).
  11. „Al Ahly thrash Etoile Sahel to qualify to CAFCL final“ (англиски).
  12. „Zamalek fall against Al Ahly in Cairo derby“ (англиски).
  13. Terrible goalkeeper blunder gifts Ahly Super Cup title with 1-0 win over Masry
  14. Sina Isaac (6 March 2018). „Walid Azaro beats Egyptian Premier league goals record“. KingFut.com. Посетено на 19 June 2018.
  15. Tarek Talaat (19 March 2018). „Ahly striker Azaro eyes World Cup success with Morocco“. BBC Sport. Посетено на 19 June 2018.
  16. „Moroccan striker Walid Azaro joins Saudi club Al Ettifaq“. web24.news. 23 јануари 2020. Посетено на 1 март 2020.
  17. „CM 2018 : La liste de Renard pour affronter la Côte d'Ivoire“ (француски).
  18. „Mondial 2018: Hervé Renard fait appel à Walid Azarou pour la Côte d'Ivoire“ (француски).
  19. „Morocco - Burkina Faso 2-0“ (англиски).

Надворешни врски

уреди