Валдет Џафери (роден на 30 октомври 1989 година во Гостивар) — македонски правник и политичар.

Валдет Џафери
Министер за правда
На должноста
5 април 2016 – 1 јуни 2017
Премиер Никола Груевски
Емил Димитриев
Претходник Аднан Јашари
Наследник Билен Салиу
Лични податоци
Роден(а) 30 октомври 1989
Гостивар
Националност Албанец
Партија ДУИ

Животопис уреди

Валдет Џафери е роден на 30 октомври 1989 година во Гостивар. Во 2008 година завршил средно образование во гимназијата во Гостивар. Првично работел како новинар во ТВ Глоби и ТВ 2 во Гостивар. Во 2012 година станал секретар на Економскиот факултет на Државниот универзитет во Тетово. Високо образование завршил во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и магистерски по кривично право на истиот универзитет. Во периодот 2014-2016 година работел во кабинетот на министерот за правда на Република Македонија.

Во периодот од 5 април 2016 до 1 јуни 2017 година бил Министер за правда на Македонија.

Надворешни врски уреди

Претходник
Аднан Јашари
Министер за правда
5 април 2016 - 1 јуни 2017
Наследник
Билен Салиу