Валаамски манастир

Валаамски манастир е манастир на руската Православна Црква, кој се наоѓа на Валаамскиот архипелаг на остров во езерото Ладога, во провинцијата Карелија.

Валаамски манастир
Локацијата на манастирот.
Новиот Валаамски манастир во Финска.

Зборот Валаам доаѓа од угрофинскиот јазик и значи „северна земја“.

Историја

уреди

Според некои извори, манастирот бил основан за време на Апостол Андреја. Денес, како датум на основање се споменува 1407 година. Друга теорија вели дека грчки монах од 10 век Сергеј Валаамски го основал манастирот со својот другар Херман.[1][2]

Валаамскиот манастир бил најсеверната точка на Православната црква. Во 16 век, за време на Руско-шведската војна, бил разурнат од Швеѓаните, кога биле убиени и многу монаси од манастирот. Напади од Швеѓаните имало и во 1611 и 1715 година, кога манастирот бил и изгорен. Границата во тоа време била на средина на езерото Ладога. Во XVIII век манастирот бил обновен, а во 1812 година влегол во рамките на Големото кнежевство Финска, кое било дел од Руската Империја.

Во 1917 година,Финска станува независна, а Финската православна црква, која претходно била под Руската патријаршија, станала автономна под Цариградската патријаршија. Така, Валаамскиот манастир едно време бил најважен храм на Финската православна црква. Литургијата од црковнословенски јазик се променила на фински јазик, а календарот од јулијански на грегоријански. Овие промени беа спорни за монашката заедница во манастирот.

За време на  Втората светска војна, Финците го евакуирале манастирот, кога 150 монаси побегнале во внатрешноста на ФИнска, и основале Нов Валаамски манастир во градот Хејнавези (Heinävesi), кој денес е единствен православен манастир на Финската православна црква.

По падот на комунизмот Валаамскиот манастир во 1989 година  бил под покровителство на рускиот патријарх Алексиј II, кој често го посетувал манастирот.

Валаамскиот манастир денес е познат по одличниот машки хор, составен од пет члена. Хорот со своите патувања и настапи по светот собира пари за обнова на манастирскиот комплекс.

Посета на манастирот

уреди

Годишно манастирот го псоетуваат околу 100 илјади поклоници и туристи.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. "Ortodoksinen kirkko Suomessa, ed. by Fr.Ambrosius and Markku Haapio (1979) p. 274–175
  2. "Orthodoxy in Finland; past and present" edited by V.Purmonen (1984) p.38