Бротероде
Бротероде (германски: Brotterode) е град и поранешна општина, сместен на Ренштајг во Тириншката Шума, во округот Шмалкалден-Мајнинген, во Тирингија, средна Германија. Од 1 декември 2011 е дел од градот Бротероде-Трузетал. Се наоѓа 11 километри северно од Шмалкалден и 19 километри југоисточно од Ајзенах.
Бротероде | |
Градски дел во Бротероде-Трузетал | |
Инзелбергшанце во Бротероде | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Шмалкалден-Мајнинген |
Град | Бротероде-Трузетал |
Основни податоци | |
Површина | 23,81 км2 |
Надм. височина | 595 м |
Население | 2.750 (31 декември 2010) |
- Густина | 115 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SM |
Пошт. бр. | 98599 |
Повик. бр. | 036840 |
Координати | 50°50′N 10°26′E / 50.833° СГШ; 10.433° ИГД |
Историја
уредиБротероде бил првпат споменат во 1039 под името „Брунувардесрот“ (Brunuwardesrot). Во средниот век (околу 1360) бил резиденција на фогт. Во 1583 станал посед на Хесен. Пред Втората светска војна бил дел од пруската покраина Хесен-Насау.
Во 1895, „Големиот пожар на Бротероде“ скоро целосно го уништило селото. 729 од 842 градби биле запалени, но селото постепено било повторно изградено во следните години. Во 1936 Бротероде ги добил градските права.
Денес, Бротероде е познат по туризмот, зимските спортови и планинарењето.
Главни знаменитости
уредиДо градот се наоѓа Гросер Инзелберг (Großer Inselsberg), кој со 916,5 метри е една од највисоките планини во Тириншката Шума.
По него е именувана и скокалницата Инзелбергшанце (Inselbergschanze) со моментален рекорд од 123,5 метри.
Меѓународни односи
уредиБротероде е збратимен со:
Надворешни врски
уреди- Официјална страница (германски)
- Инзелбергбад Бротероде (германски)
- Центар за нордиско трчање (германски)
Оваа статија за место во округот Шмалкалден-Мајнинген е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |