Бротероде-Трузетал
Бротероде-Трузетал (германски: Brotterode-Trusetal) — мал град во округот Шмалкалден-Мајнинген, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Бил именуван по градот Бротероде и реката Трузе, која тече низ градот.
Бротероде-Трузетал
Brotterode-Trusetal | |
Црквата во Бротероде | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Шмалкалден-Мајнинген |
Градоначалник | Кај Гросман (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 49,68 км2 |
Надм. височина | 595 м |
Население | 5.810 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 117 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SM |
Пошт. бр. | 98599 |
Повик. бр. | 036840 |
Местоположба на градот Бротероде-Трузетал во рамките на округот Шмалкалден-Мајнинген | |
Координати | 50°50′N 10°26′E / 50.833° СГШ; 10.433° ИГД |
Историја
уредиБил создаден на 1 декември 2011 година со спојување на поранешниот град Бротероде и општината Трузетал.
Политика
уредиГрадски совет
уредиНа општинските избори на 26 мај 2014 година со излезност од 61,7% биле одбрани следниве 20 претставници во градскиот совет:[2]
Партија / Листа | % на гласови | Места |
Граѓани за Бротероде-Трузетал | 28,8 % | 6 |
CDU | 21,3 % | 4 |
Ние за вас | 17,6 % | 3 |
SPD | 13,0 % | 3 |
Слободни гласачи | 10,6 % | 2 |
Левица | 8,7 % | 2 |
Градоначалник
уредиГрадоначалник на Бротероде-Трузетал е Кај Гросман.
Збратимени градови
уредиБротероде-Трузетал е збратимен со следниве градови:
- Сен Мартен Ле Вину, Франција (од 1966 г.)
- Бад Филбел, Германија (од 1990 г.)
- Нентерсхаузен, Германија (од 1990 г.)
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Бротероде-Трузетал на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)