Хас (имот)
Хас – особен вид на земјиштен имот во Османлиското Царство со годишен приход од 100 000 акчиња. Хасовите биле определни не толку според површината на земјата, колку по годишниот приход од неа.
За разлика од тимарот и зијаметот, за добивање на хас не било задолжително исполнување на воена служба. Хасовите се делеле од фондот на државни земјишта во замена за воена служба или други задолженија кон централната власт. Управителот на хасот (бегот) бил задолжен при воените походи да обезбеди вооружени коњаници за турската армија, по еден за секои 5 000 акчиња од доходот на хасот. Во 1844 година, воено-земјениот систем бил укинат.