Давид Гофен

Белгиски тенисер
(Пренасочено од Давид Гофан)

Давид Гофен (француски изговор: [da.vid ɡɔ.fɛ̃]); роден на 7 декември 1990 во Лиеж - белгиски тенисер. Професионално игра тенис од 2009 година. Во моментов се наоѓа на 15 место на АТП листата и е најдобар белгиски тенисер. Во кариерата, Гофен има освоено 2 АТП титули.

Давид Гофен
David Goffin
Goffin RG13 (13) (9373459270).jpg
ЗемјаБелгија Белгија
Место на живеењеЛиеж, Белгија
Роден на7 декември 1990 (1990-12-07) (29 г.)
Роден воЛиеж, Белгија
СпортTennis pictogram.svg Тенис
Висина&100000000000001800000001,80 м
Професионалец2009
Игра со• десна рака
• дворак бекхенд
Заработка$ 2.466.438
Победи-порази83-73
Титули2
Највисок пласманБр. 14 (13 јули 2015)
Моментално местоБр. 15 (31 август 2015)
Австралијан Опен2R (2015)
Ролан Гарос4R (2012)
Вимблдон4R (2015)
УС Опен3R (2014, 2015)
Победи-порази0–10
Титули0
Највисок пласманБр. 612 (11 октомври 2010)
Ажурирано на: 7 септември 2015.

КариераУреди

Негова омилена површина е тврдата подлога. Својата прва победа на АТП турнирите Гофен ја забележал во 2011 на турнирот Ченај Опен 2011 во Индија победувајќи го првиот индиски тенисер Сомдев Деварман со 6-2, 6-4. Во второто коло тој загубил од швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка.[1]

Во 2012 година, за прв пат во својата кариера стигнал до четвртфинале на еден АТП турнир, на Ченај Опен 2012, откако го победил својот сонародник Ксавје Малис и германскиот тенисер Андреас Бек.

На Ролан Гарос 2012, тој не успеал да го помине последното квалификациско коло во квалификациите, но благодарение на откажувањето на Гаел Монфис тој влегол во првото коло од натпреварувањето. Во првото коло, тој играл против 23-от носител Чехот Радек Штепанек и го победил во натпревар во 5 сета. [2]. Во второто коло Гофен се сретнал со францускиот ветеран Арно Клеман (кој го играл својот последен Ролан Гарос) и победил повторно во пет сета. Гофен потоа го победил Полјакот Лукаш Кубот со 7–6, 7–5, 6–1 во третото коло и станал првиот „Лаки лузер“ (Lucky Loser, Среќен губитник) по 1995 година што успеал да стигне до четвртфиналето.[3] Во четвртфиналето Гофен бил поразен од третиот носител Рожер Федерер во четири сета.[4]

Тој добил вајлд-карта за Вимблдон 2012 и во првото коло го победил 20-от носител, четвртфиналистот од 2011 година, Бернард Томиќ. Потоа во второто коло го победил Американецот Џеси Левин но во третото коло загубил од 10-от носител Американецот Марди Фиш со 6-3, 7-6, 7-6.

АТП финалиња во кариератаУреди

Поединечно: 5 (2-3)Уреди

Легенда
Гренд слем (0–0)
АТП завршен мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (0–0)
АТП World Tour 500 series (0–1)
АТП World Tour 250 series (2–2)
Финалиња по подлога
Тврда (1–1)
Земја (1–1)
Трева (0–1)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Победник 1. 2 август 2014 Кицбил, Австрија Земја   Доминик Тим 4–6, 6–1, 6–3
Победник 2. 21 септември 2014 Мец, Франција Тврда   Жоао Соуза 6–4, 6–3
Финалист 1. 26 октомври 2014 Базел, Швајцарија Тврда   Роџер Федерер 2–6, 2–6
Финалист 2. 14 јуни 2015 Хертогенбош, Холандија Трева   Николас Мау 6–7(1–7), 1–6
Финалист 3. 2 август 2015 Гштад, Швајцарија Земја   Доминик Тим 5–7, 2–6

Челинџер финалињаУреди

Поединечно: 8 (7–1)Уреди

Легенда
АТП Челинџер серија (7–1)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Финалист 1. 20 септември 2010   Љубљана, Словенија Земја   Блаж Кавчич 6–2, 4–6, 5–7
Победник 1. 27 март 2012   Ле Гозје, Гваделуп Тврда   Миша Ѕверев 6–2, 6–2
Победник 2. 24 септември 2012   Орлеан, Франција Тврда   Рубен Бемелманс 6–4, 3–6, 6–3
Победник 3. 15 јули 2013   Ескишехир, Турција Тврда   Марсел Илхан 4–6, 7–5, 6–2
Победник 4. 7 јули 2014   Шевенинген, Холандија Земја   Андреас Бек 6–3, 6–2
Победник 5. 14 јули 2014   Позњан, Полска Земја   Блаж Рола 6–4, 6–2
Победник 6. 21 јули 2014   Тампере, Финска Земја   Јарко Ниеминен 7-6(7–3), 6-3
Победник 7. 29 септември 2014   Монс, Белгија Тврда   Стив Дарсис 6–3, 6–3

НаводиУреди

  1. „Биографија на Гофен на ИТФ“, „тенисер“, nn (посет. 2 септември 2010 г).
  2. Hanford, Ian (29 мај, 2012). „French Open 2012 Scores: Shocking Results from Roland Garros' First 2 Days“. Bleacher Report. конс. 30 мај, 2012. 
  3. „Lucky loser Goffin enjoys French Open record run“. The Times of India. 1 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-19. конс. 1 јуни 2012. 
  4. „Давид Гофен“. конс. 2012-06-04. 

Надворешни врскиУреди

Награди
Претходник
  Рафаел Надал
АТП камбек играч на годината
2014
Наследник
Актуелен