Борка Павиќевиќ
Борка Павиќевиќ (Котор, 5 јуни 1947[1] — Белград, 30 јуни 2019)[2] — српска драмска писателка, театарска режисерка, новинарка и активистка.
Животопис
уредиБорка Павиќевиќ била родена во Котор во 1947 година. Како дете се преселила во Белград и таму ги завршила основното образование, гимназијата, а подоцна и Академијата за театар, филм, радио и телевизија. Дипломирала во 1971 година, а во 1976 година, на истиот факултет ги завршила и магистерските студии.
Основоположник е на театарот „Нови сензибилности“, во старата белградска пивара, во 1981 год; поддржувач е на либерализмот и пацифизмот.[3]
Од 1984 до 1991 година учествувала во уметничкото движење "КПГТ". Во почетокот на 1990-тите години, била уметнички директор на Белградскиот драмски театар, кое место го напуштила поради политички недоразбирања.[4]
Павиќевиќ била драматург во Атеље 212, БИТЕФ,[5] а од 1994 година го водела Центарот за културна деконтаминација, Павиљон Вељковиќ, и била ко-основоположник на невладината организација Белградски круг.[6][7]
Павиќевиќ се занимавала и со публицистика. Пишувала колумни во повеќе весници: Сусрет, НИН, Књижевне новине, а сега пишува за весникот Данас.
Центарот за културна деконтаминација, кој таа го основала, има организирано повеќе од 5000 настани, изложби, протести и предавања. Била потпишувач на декларацијата Движење за граѓански отпор, во 2012 г., и е соавтор на книгата „Белград мој Белград“.[8]
Се појавила и во два документарни филма „The Weight of Chains 2“ и „Лауш“.
Награди и признанија
уредиПавиќевиќ има освоено бројни награди:[9][10][11]
- Наградата Ото Рене Кастиљо за политички театар, Њујорк (2000)
- Наградата Хирошима фондација за мир и култура (2004)
- Наградата Освајување на слободата на Фондацијата Маја Маршиќевиќ Тесиќ, за дела кои ги потврдуваат принципите на човековите права, владеење на правото, демократија и толеранција (2005)
- Награда Роутес, Амстердам (2009/2010)
- Национален орден Легија на честа од Владата на Република Франција (2001)
Наводи
уреди- ↑ https://www.womeninpeace.org/p-names/2017/7/11/borka-pavicevic
- ↑ http://www.rts.rs/page/stories/sr/story/125/drustvo/3574292/preminula-borka-pavicevic.html
- ↑ Slpašak, Svetlana (1997). The war started at Maksimir: hate speech in the media : content analyses of Politika and Borba newspapers, 1987-1991 (англиски). Media Center.
- ↑ „Kratka istorija kulturnog trovanja“. Nedeljnik Vreme. Посетено на 2018-05-11.
- ↑ „DRAMAQUEEN-SYMPOSIUM 6 мај 2010 - 8 мај 2010 BERLIN“. www.dramaqueen-symposium.com (германски). Посетено на 2018-05-11.
- ↑ Yale Theatre (англиски). Yale School of Drama. 2002.
- ↑ „Participants | Cross Border Experience“. www.crossborderexperience.org (англиски). Архивирано од изворникот на 2014-05-27. Посетено на 2018-05-11.
- ↑ „Borka Pavićević | CZKD“. CZKD (српски). 2017-10-08. Посетено на 2018-05-11.
- ↑ „014 Hiroshima Prizes to be presented to Senator Roméo Dallaire and Kettly Noël, dancer and choreographer“. Hiroshima Foundation. 24 март 2014. Архивирано од изворникот на 27 мај 2014. Посетено на 27 мај 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|archive-date=
(help) - ↑ „Interview with 2nd ECF Princess Margriet Award laureate Borka Pavićević“. European Cultural Foundation. Архивирано од изворникот на 2014-05-27. Посетено на 27 мај 2014.
- ↑ „Borka Pavićević - Večiti sam buntovnik“. Блиц. Посетено на 21 октомври 2007.