Бора Ќосиќ (српски: Бора Ћосић, 5 април 1932, Загреб, Кралство Југославија) - српски и југословенски писател.

Животопис

уреди

Бора Ќосиќ е роден во 1932 година, во Загреб. Во 1937 година, неговото семејство се преселило во Белград, каде го завршил средното образование (во Првата машка гимназија), а потоа студирал на Универзитетот во Белград, на отсекот за философија. Во 1992 година се преселил во Берлин и тогаш изјавил: „роден во Загреб, умрен во Белград, живеам во Берлин.[1]

Творештво

уреди

Уште во младоста, Ќосиќ ги преведувал руските футуристички поети, а бил и уредник на неколку списанија: „Млада култура“ (1952), „Денес“ (1961-1963) и „Рок“ (1969-1970). Исто така, работел како драматург и уметнички советник во филмските студија „Славија“ (1958-1959) и „Авала“ (1962-1963). Истовремено, соработувал во снимањето на документарни филмови и пишувал сценарија за играни филмови („Десантот на Дрвар“) и за телевизиски серии („Нашите приредби“, „Лудиот речник“). За време на неговите студиски престои во Европа објавил неколку стотини текстови во бројни весници и списанија во Германија, Австрија, Швајцарија, Италија, Холандија, Унгарија, Романија, Русија, Полска и Албанија. Исто така, учествувал на повеќе од 200 книжевни читања во неколку европски земји; дал повеќе од сто интервјуа за разни весници, радио-станици и телевизиски канали; и учествувал на бројни книжевни конференции, фестивали, симпозиуми и конгреси.[2]

За творештвото на Ќосиќ се објавени голем број критики и есеи, како и две книги:[1]

  • Милош Стамболиќ, Туторите на Бора Ќосиќ (1982)
  • Предраг Бребановиќ, Подрумите на марципанот (2006)

Библиографија

уреди

Ќосиќ е автор на голем број книги:[3]

  • Куќата на крадците (роман, „Нолит“, Белград, 1956)
  • Сите смртни (роман, „Космос“, Белград, 1958)
  • Ангелот дојде по своето (роман, „Нолит“, Белград, 1959)
  • Видливиот и невидливиот човек (историја на филмот, „Стварност“, Загреб, 1962)
  • Содома и Гомора (есеи, „Матица српска“, Нови Сад, 1963)
  • Приказни за занаетите (раскази, „Нолит“, Белград, 1966)
  • Содржина (есеи, Независни изданија на Слободан Машиќ, Белград, 1968)
  • Mixed-media (есеи, независно авторско издание, Белград, 1970)
  • Улогата на моето семејство во светската револуција (роман, независно издание, Белград, 1970)
  • Зошто се боревме (раскази, „Српска књижевна задруга“, Белград, 1972)
  • Тутори (роман, „Нолит“, Белград, 1978 и 1982)
  • Bel tempo (роман, „Нолит“, Белград, 1982)
  • Работите, сомнежите, соновите на Мирослав Крлежа (есеј, „ГЗХ“, Загреб, 1983)
  • Содома и Гомора (есеи, нова верзија, „Нолит“, Белград, 1984)
  • Книга за Оља (монографија, „Књижевне новине“, Белград, 1984)
  • Доктор Крлежа (роман, „Нолит“, Белград, 1988)
  • Интервју на Циришкото езеро (роман, „БИГЗ“, Белград, 1988)
  • Мусиловиот нотес (роман, „ГЗХ“, Загреб, 1989)
  • Содржина Поимник (есеи, „ГЗХ“, Загреб, 1990)
  • Повест за Мишкин (есеи, „Просвета“, Белград, 1991)
  • Загребска анализа (есеј, „Нолит“, Белград, 1991)
  • Растур (роман, „Свјетлост“, Сараево, 1991)
  • Погледот на малоумниот (есеи, „Свјетлост“, Сараево, 1991)
  • Дневникот на апатридот („Durieux“, Загреб, 1993)
  • Добро владеење (есеи, „Антибарабарус“, Загреб, 1995)
  • Дневникот на апатридот (дополнето издание, „Б 92“, Белград, 1998)
  • Барокно око (есеи, „Б 92“, Белград, 1998)
  • Приватна пракса (есеи, „Б 92“, Белград, 1998)
  • Новиот станар (дневник, „Б 92“, Белград, 1998)
  • Старост во Берлин (проза, „Б 92“, Белград, 1998)
  • Проектот Каспар (проза, „Б 92“, Белград, 1998)
  • Царинска декларација (роман, „Feral Tribune“, Сплит, 2000)
  • Погледот на малоумниот (нова верзија, „Меандар“, Загреб, 2001)
  • Собата на Ирена (песни, „Меандар“, Загреб, 2002)
  • Нулта земја (роман, „Feral Tribune“, Сплит, 2002)
  • Ткаење (текстови, „Адамиќ“, Ријека, 2002)
  • Изгнаници (роман, „Меандар“, Загреб, 2005)
  • Пат на Алјаска (патопис, „Просвета“, Белград, 2006)
  • Позо, Бекетов (монодрама, „Сцена“, Нови Сад, 2006)
  • Очила на масата (песни, „Република“, Загреб, 2007)
  • Приказни за занаетите (раскази, „Меандармедија“, Загреб, 2008)
  • Конзул во Белград (роман, „Просвета“ и „Алтера“, Белград, 2008)
  • Приказни за занаетите - Улогата на моето семејство во светската револуција (раскази/роман, „ЛОМ“, Белград, 2008)

Исто така, Ќосиќ е автор на следниве драмски текстови:[4]

  • Лесно оди Србинот во војска (Ателје 212, Белград, 1969)
  • Коса (верзија на мјузиклот, Ателје 212, 1971)
  • Улогата на моето семејство во светската револуција (Ателје 212, Белград, 1971; обновена во 2007)
  • Бел темпо (Ателје 212, Белград, 1985)

Награди и признанија

уреди

Ќосиќ е добитник на неколку награди:[5]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Дејан Михајловић, „Бора Ћосић - Биографија са библиографијом“, во: Бора Ћосић, Приче о занатима – Улога моје породице у светској револуцији. Београд: ЛОМ, 2010, стр. 215.
  2. Дејан Михајловић, „Бора Ћосић - Биографија са библиографијом“, во: Бора Ћосић, Приче о занатима – Улога моје породице у светској револуцији. Београд: ЛОМ, 2010, стр. 215-217.
  3. Дејан Михајловић, „Бора Ћосић - Биографија са библиографијом“, во: Бора Ћосић, Приче о занатима – Улога моје породице у светској револуцији. Београд: ЛОМ, 2010, стр. 216-217.
  4. Дејан Михајловић, „Бора Ћосић - Биографија са библиографијом“, во: Бора Ћосић, Приче о занатима – Улога моје породице у светској револуцији. Београд: ЛОМ, 2010, стр. 217.
  5. Дејан Михајловић, „Бора Ћосић - Биографија са библиографијом“, во: Бора Ћосић, Приче о занатима – Улога моје породице у светској револуцији. Београд: ЛОМ, 2010, стр. 218.