Бодуен I Белгиски
Бодуен I (франц. Baudouin Albert Charles Léopold Axel Marie Gustave, хол. Boudewijn Albert Karel Leopold Axel Marie Gustaaf; 7 септември 1930 - 31 јули 1993) ― белгиски крал од 17 јули 1951 година до неговата смрт во 1993 година. Тој бил последен белгиски крал кој владеел со Конго.
Бодуен I | |||||
---|---|---|---|---|---|
Кралот Бодуен во 1960 | |||||
Крал на Белгија | |||||
На престол | 17 јули 1951 – 31 јули 1993 | ||||
Претходник | Леополд III | ||||
Наследник | Алберт II | ||||
Роден(а) | 7 септември 1930 Брисел, Кралство Белгија | ||||
Починал(а) | 31 јули 1993 Мотрил, Кралство Шпанија | (возр. 62) ||||
Сопружник | Фабиола де Мора и Арагон (в. 1960) | ||||
| |||||
Династија | Belgium | ||||
Татко | Леополд III Белгиски | ||||
Мајка | Астрид од Шведска | ||||
Вероисповед | Римокатолицизам |
Бодуен бил најстар син на кралот Леополд III (1901-1983) и неговата прва сопруга, принцезата Астрид од Шведска (1905-1935). Бидејќи тој и неговата сопруга, кралицата Фабиола, немале деца, по смртта на Бодуен круната му била предадена на неговиот помлад брат, кралот Алберт II.
Живот и владеење
уредиПринцот Бодуен е роден на 7 септември 1930 година во Шато ду Стујвенберг, во близина на Лаекен, Брисел, како прв син и второ дете на принцот Леополд, тогаш војвода од Брабант, и неговата прва сопруга, принцезата Астрид од Шведска. Во 1934 година, Леополд станал крал, а тригодишниот Бодуен како престолонаследник станал војвода од Брабант. Мајката му починала во 1935 година во сообраќајна несреќа, кога Бодуен имал безмалку пет години.[1] Во 1941 година, неговиот татко се преженил со Мери Лилијан Баелс (подоцна станала принцеза од Рети). Бодуен и неговите браќа и сестри имале близок однос со нивната маќеа и ја нарекувале „Мајка“.[2][3] На седумгодишна возраст започнало неговото образование, а неговите тутори му предавале половина лекции на француски, а половина на холандски.
И покрај одржувањето на строга неутралност во првите месеци на Втората светска војна, на 10 мај 1940 година, Белгија била нападната од нацистичка Германија. Бодуен, неговата постара сестра принцезата Жозефина-Шарлот и неговиот помлад брат принцот Алберт, веднаш биле испратени на безбедно во Франција, а потоа во Шпанија.[4] Белгија безусловно се предала на 28 мај. Иако белгиската влада избегала, Леополд одлучил да остане во Белгија и бил ставен во домашен притвор во Палатата Лаекен.[5] На 6 август, децата од Шпанија се вратиле во Лакен.[4]
Веднаш по десантот на Нормандија во јуни 1944 година, кралот, неговата нова сопруга принцезата Лилијан и кралските деца, биле депортирани во Хирштајн во Германија, а потоа во Штробл во Австрија, од каде што во мај 1945 година биле ослободени од армијата на САД.[4] Сепак, кралското семејство било спречено да се врати во Белгија поради „Кралското прашање“, односно дали Леополд соработувал со нацистите поради: предавањето во 1940 година, неговото одбивање да се приклучи на владата во егзил, неговата неуспешна посета на Адолф Хитлер во Бергхоф во ноември 1940 година и неговиот неуставен брак со Лилијан, чиј татко се веруваше дека бил пронацист.[6] Сè додека не било најдено политичко решение, братот на кралот, принцот Шарл станал регент, а кралското семејство живеело во Шато ду Репосоар во Швајцарија. Бодуен посетувал средно училиште во Женева и во 1948 година ги посетил САД. На референдумотод март 1950 година, народот во Белгија изгласал за враќање на кралот и тој бил повикан на 4 јуни 1950 година. Сепак, парламентарното несогласување и јавните протести го принудиле Леополд на 11 август 1950 година своите овластувања да ги делегира на Бодуен, и да абдицира во корист на Бодуен, кој на 17 јули 1951 година положил заклетва како крал на Белгија.[4]
На 15 декември 1960 година, Бодуен се оженил со Фабиола де Мора и Арагон. Фабиола била шпанска благородничка која работела како медицинска сестра.
Кралот и кралицата немале деца; сите пет бремености на кралицата завршиле со спонтан абортус.[7]
За време на владеењето на Бодуен, колонијата Конго станала независна држава.
Како шеф на држава на Белгија, Бодуен, заедно со францускиот претседател Шарл де Гол, присуствувале на државните погреби на двајца американски претседатели, Џон Ф. Кенеди во ноември 1963 година и неговиот претходник Двајт Ајзенхауер во март 1969 година. На погребот на Кенеди, Бодуен бил придружуван од Пол-Анри Спак, министер за надворешни работи и поранешен трикратен премиер на Белгија.[8]
Бодуен владеел 42 години. Тој починал на 31 јули 1993 година во вилата Астрида во Мотрил, на југот од Шпанија.[9]
Поврзано
уреди- Крал Бодуен, ледена плоча на Антарктикот
Наводи
уреди- ↑ „King Baudouin“. Belgian Monarchy Official Website. Посетено на May 19, 2020.
- ↑ Cleeremans, Jean. Léopold III, sa famille, son peuple sous l'occupation; Keyes, Roger. Echec au Roi, Léopold III, 1940–1951
- ↑ White, Sam (July 3, 1953). „Europe's Most Slandered Princess“. Pittsburgh Press. Посетено на May 19, 2020.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „King Baudouin“. www.monarchie.be. The Belgian Monarchy. Посетено на 15 July 2020.
- ↑ Conway 2012, p. 29
- ↑ Wilsford 1995, pp. 26-27
- ↑ „Koningin Fabiola had vijf miskramen“. Nieuwsblad.be. 21 April 2008. Посетено на 17 January 2017.
- ↑ United Press International; American Heritage (1964). Four Days. New York: American Heritage Pub. Co. стр. 140–141.
- ↑ Lyons, Richard D. (1 August 1993). „Baudouin I, King of Belgium, Dies at 62“. The New York Times. Посетено на 27 July 2020.
Извори
уреди- Boulden, Jane (2001). Peace Enforcement: The United Nations Experience in Congo, Somalia, and Bosnia (1. изд.). Westport, Conn.: Praeger. ISBN 0275969061.
Надворешни врски
уреди- Официјална биографија од веб-страницата на белгиското кралско семејство
- Newspaper clippings about Baudouin of Belgium
- Архива Бодуен од Белгија, Кралски музеј за централна Африка