Десант на Нормандија
Десант на Нормандија, уште и Операција Нептун — десант на Сојузниците во Втората светска војна во Нормандија на 6 јуни 1944 година (Денот Д). Пошироката операција е наречена Операција Оверлорд. Десантот на Нормандија е најголемата десантска операција во историјата. По десантот, сојузничките сили не успеале да заземат ниту едно од местата кои планирале да ги заземат, но успеале да ги контролираат плажите, и дури следните денови напреднале во внатрешноста. Со десантот командувал Двајт Ајзенхауер.