Богородичната црква во Доња Каменица

Богородична црква — црква што се наоѓа во селото Доња Каменица кај Књажевац, во Источна Србија. Припаѓа на Тимочката епархија на Српската православна црква во Тимок, а изградена е во првата половина на 14 век, како задужбина на Михајло Анѓеловиќ.

Богородична црква
Црква Свeте Богородице
Црква од 14 век посветен ана Богородица во Доња Каменица
Карта
43°29′13.48″N 22°19′37.19″E / 43.4870778° СГШ; 22.3269972° ИГД / 43.4870778; 22.3269972
МестоДоња Каменица, 10 до 15 км југоисточно од Књажевац, Србија
ВероисповедСрпска православна црква
Историја
Посветена наБогородица
Архитектура
Службен статусактивна
СтилВизантиски со унгарски или трансилваниски влијанија
ЗавршенаРан 14 век
Физички особености
Сводови1

Градбата е со релативно мала големина, но многу занимлива архитектура, чии складни сразмери создаваат впечаток на монументалност.[1] Конзерваторските работи на живописот и архитектурата на црквата се завршени во 1958 година, а денес е под заштита на Република Србија, како споменик на културата од големо значење. Црквата се наоѓа на левиот брег на Трговишки Тимок, на стариот воен пат што ги поврзувал Пирот и Видин.[2]

Во 1932 година црквата била во состојба на распаѓање. Нејзиното кубе и значителен дел од олтарскиот простор биле во урнатини од 1923 година. Ова го утврдиле белградските музејски стручњаци д-р Владислав Петковиќ и арх. Ѓурѓе Бошковиќ.

Изглед

уреди
 
Макета на црквата со дрвена припрата (поставка на Роднокрајниот музеј Књажевац)

Основата на Богородичната црква е крст со неправилен облик, над која се издига купола. На нејзината западна страна се наоѓа нартекс со кат, над кој се издигаат две мали симетрични камбанарии. Пред нартексот порано имало дрвен егзонартекс со кат, од кој денес се видливи само камените темели, а неговиот приближен облик е прикажан на моделите на црквата, насликани во ктиторските композиции.[3]

Живопис

уреди

Живописот на Богородичната црква има различни тематики и ги носи одликите на ренесансата на Палеолозите, својствени за таа доба. Направен е со необичната техника „ал темпера“, а приказите се многу натуралистички.[4] Ктиторските композиции се прикажани во црковниот наос и на катот на нартексот. Во камбанаријата и на катот на нартексот се насликани циклуси на сцени од животот на Свети Никола и Света Петка, додека неговото приземје е украсено со фрески на владетели и свети воини кои јаваат напоредно гушнати. Покрај портретите на ктиторите, во првата зона на наосот се прикажани светци, додека над нив се насликани Страдањата Христови и Големите празници. На олтарниот дел е претставена Богородица со Христос и ангелите, како и Поклонението на архијереите. Посебно внимание привлекува претставата на Св. Ѓорѓи Диасоритис, чиј култ е поврзан со грчкиот остров Аморгос во Кикландскиот Архипелаг.[5]

 
Фреска на обголена Света Петка во Богородицчната црква

Истраженост на црквата во Доња Каменица

уреди

Многу луѓе ја истражувале оваа црква. Има многу толкувања и невозможно е прецизно да се одреди кое од нив е точно. Се верува дека црквата ја изградил големиот војвода на деспотот Лазар Бранковиќ, Михајло Анѓеловиќ. Исто така, се верува дека Михајло и неговата сопруга со нивните три сина биле насликани на горниот кат. Меѓутоа, Љубинковиќ се навраќа на својот претходен заклучок, дека тоа не мора да значи дека Михајло всушност бил владетел на овие простори. Толкувајќи го турското пописно истражување, Бојаниќ-Лукач пронаоѓа податоци кои целосно ја исклучуваат можноста Михајло Анѓелковиќ да бил владетел на оваа област. Дури по обновата во 1985 година црквата била прогласена за споменик на културата и сега за неа се грижат жителите на Доња Каменица.[6]

Германецот Феликс Каниц во својата книга за Кнежевството Србија ја опишал „Црквичката на Абоговиќ“ во селото Доња Каменица. Се наведува дека е изградена во времето на деспотот Ѓурѓе Смедеревац.[7] Произлегува дека деспотот Михаило Абоговиќ градел иста црква во 1456 година. На ѕидните слики во предворието се прикажани „деспот Михаил“, синот на „Михаил царот“, потоа неговата сопруга „деспотица Јелена“, ќерка на „деспотот Петар“. Меѓутоа, д-р Владислав Петковиќ во 1932 година утврдил дека деспот Михаило нема ништо заедничко со „Михаило Абоговиќ“. Тој не бил ктитор, туку господар (од непозната националност) на самостојната Видинска Област, во која спаѓала и Доња Каменица во тоа време. Вистинскиот ктитор (со семејството) е прикажан на две места во црковниот живопис - во припратата и во самата црква. До таткото и мајката е прикажана нивната мала ќеркичка покрај чија слика пишува „Вукосава“, како и нивното мало синче. Зачуваните натписи на сликите се напишани на грчки јазик, а само пет светци носат словенски имиња.[8]

Галерија - надворешен изглед

уреди

Галерија - живопис

уреди

Наводи

уреди
  1. „ЦРКВА СВ. БОГОРОДИЦЕ, ДОЊА КАМЕНИЦА“. САНУ. Посетено на 10 април 2024.
  2. РТС: „Књажевачки „драгуљ“ одолева зубу времена“ (2 фавруари 2014)
  3. „Завичајни музеј Књажевац/Богородична црква у Доњој Каменици“. Архивирано од изворникот на 17 јули 2014. Посетено на 11 јуни 2014.
  4. "Време", Београд 19. април 1932. године
  5. "Српски народ", Београд 1943. године
  6. Света Богородица у Доњој Каменици, Живојин Андрејић
  7. "Просветни гласник", Београд 1. новембар 1880. године
  8. "Српски народ",Београд 1. јануара 1943. године

Надворешни врски

уреди