Темел

(Пренасочено од Темели)

Темел е архитектонски конструктивен елемент што го поврзува елементот со теренот и ги пренесува товарите од елементот кон теренот. Темелите најчесто се делат на плитки или длабоки. При дизајнирањето на темелите и неговите конструктивни делови се применуваат знаења од геотехниката.

Плитки темели на куќа наспроти длабоки темели на висококатница.

Историски тип на темел

уреди
 
Наједноставен темел од камен. На Латвиски Етнографски Отворено Музеј

Конструкција од забодени колци во земја

уреди

Зградите и нивната конструкција имаат долга историја на градење со дрвени носачи во контакт со теренот.[1][2] Конструкциите од забодени колци може технички да немаат темели. Дрвените колци се користат на мека или влажна почва дури и под ѕидови од камени или масивни ѕиодви .[3] 

Темел од еден камен

уреди

Можеби наједноставниот начин на темелење е со коритење на камен кој во исто време го пренесува товарот кон теренот и ја подигнува дрвената конструкција од теренот.

Темел од камења

уреди

Редењето на камења без врзно средство (суви камења) или на камења поврзани со малтер е техника за градење на темели што вообичаено се применува во многу делови на светот. Суво поставените камења во темелите може да се насликани со малтер по градењето. Понекогаш врвот, видливиот дел на темелот е од природно извлечен камен од природата. Освен со малтер, камењата може да се стават и во јама во која освен камен може да има и песок, градежен шут и сл. и наполнето со бетон. 

Темели во јама наполнета со камења или градежен шут

уреди

Овие темели се плитки јами наполнети со гадежен шут и камења. Овие темели се поставуваат под длабочината на мрзнење и може да имаат цевка за дренажа во долната зона. Препорачливи се за земја со капацитет поголем од 10 тона/m².

Наводи

уреди
  1. Crabtree, Pam J.. Medieval archaeology: an encyclopedia. New York: Garland Pub., 2001. 113.
  2. Edwards, Jay Dearborn, and Nicolas Verton. A Creole lexicon architecture, landscape, people. Baton Rouge: Louisiana State University Press, 2004. 92.
  3. Nicholson, Peter. Practical Masonry, Bricklaying and Plastering, Both Plain and Ornamental. Thomas Kelly: London. 1838. 30–31.