Богдан Наумоски
Богдан Ладомиров Наумоски ( 1923 во Пополжани, Кичевско — 1945 во Гарешница, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Боге Наумоски | ||
Роден | 1923 година Пополжани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Гарешница, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од селско семејство, кое претежно се занимавало со земјоделие. Како младинец, во редовите на НОВ се вклучил во есента 1944 година во Петнаесеттата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Кичево, а потоа во состав на Петнаесеттиот корпус заминал на Сремскиот Фронт. Загинал во борба со Германците кај местото Гарешница (старо име: Кајгана) во април 1945 година.[1]