Битка за Холандија
Германската инвазија на Холандија ( холандски: Duitse aanval op Nederland), позната и како Битка за Холандија (холандски: Slag om Nederland), била дел од Жолтиот план (германски: Fall Gelb), воен поход на нацистичката Германија за окупација на Ниските Земји (Белгија, Луксембург и Холандија) и Франција за време на Втората светска војна. Битката траела од 10 мај 1940 година до предавањето на поголемиот дел од холандските вооружени сили на 14 мај. Холандската армија во провинцијата Зеланд продолжила да пружа отпор на германскиот Вермахт до 17 мај по што Германија ја окупирала целата земја.
Инвазијата на Холандија била една од воени операции во која биле употребени масовни десанти со падобранци, кои требало да заземат тактичко важни точки и да помогнат во напредувањето на копнените трупи. Германскиот Луфтвафе употребил падобранци при заземањето на неколку аеродроми во околината на Ротердам и Хаг.
По разорното бомбардирање на Ротердам од Луфтвафе на 14 мај, Германците се заканиле дека доколку холандските сили одбијат да се предадат ќе бомбардираат други холандски градови. Холандскиот генералштаб знаел дека не може да се спротивстави на германските бомбардери и ѝ наредил на Холандската кралска армија да прекине со отпорот. Холандија била ослободена во 1945 година.
Заднина
уредиПо германската инвазија на Полска во 1939 година, Обединетото Кралство и Франција ѝ објавиле војна на Германија, но потоа во Западна Европа, за време на периодот познат како Лажна војна (зимата 1939-1940 г.) немало некои поголеми воени копнени операции. На 9 октомври, Адолф Хитлер наредил да се направат планови за инвазија на Ниските Земји, за да се искористат како база против Велика Британија и за да се спречи сличен таков напад од страна на сојузничките сили, кој би можел да ја загрози виталната област Рур.[1] Холандија и Белгија на 7 ноември ја одбиле понудата за мир од Германија.[2]
По германската инвазија на Полска во септември 1939 година и избувнувањето на Втората светска војна, Холандија се надевала дека ќе остане неутрална, како што била за време на Првата светска војна 25 години претходно.
Стратешката местоположба на Ниските Земји, меѓу Франција и Германија, значело дека стојат на патот за офанзива од двете завојувани страни. На 20 јануари 1940 година, во говор на радио Винстон Черчил се обидел да ги убеди Ниските Земји да не го чекаат неминовниот германски напад, и да се приклучат на Англо-француската Антанта.[3] Белгија и Холандија го одбиле ова, иако по пад на германски авион во јануари 1940 година (инцидент од Мехелен), во белгиски раце паднале германските планови за нивен напад.[4]
Германската инвазија на Норвешка и Данска, била проследена со предупредување од новиот јапонски капетан Тадаши Маеда дека е сигурно Германија ќе ја нападне и Холандија.[5] Холандската војска увидела дека одржувањето на неутралност е невозможно. Почнале да се подготвуваат за војна, психички и физички. Холандските гранични трупи биле ставени во зголемена борбена готовност.[6] Извештаите за наводните акции на Петтата колона во Скандинавија предизвикале стравување дека и во Холандија се инфилтрирани германски агенти со помош на домашни предавници.[7] Биле преземени контрамерки против можен напад на аеродроми и пристаништа.[8] На 19 април била прогласена вонредна состојба.[9] Сепак, мнозинството граѓани сè уште ја негувале илузијата дека нивната земја ќе биде поштедена.[10][11] На 10 април, Британија и Франција го повториле своето барање Холанѓаните да се приклучат во војната на нивна страна, но повторно биле одбиени.[12]
На југ се претпоставувало дека Гребе линијата ќе може сама да ги одбие нападите. Сепак, претходната вечер германски моторизирани единици од 207-мата пешадиската дивизија стигнала до најјужниот дел од линијата Гребе.[13] Овој сектор бил избран како главна точка на напад на дивизијата. Околу три и пол часот утрото на 11-ти, германската артилерија започна да ги гранатира холандските позиции, по што во зори следел напад од два баталјони на Дер Фирер . Со гранатирањето биле прекинати телефонските линии, па холандските бранители не можеле да побараат артилериска поддршка. Одбраната била дополнително отежната со фактот што теренот сè уште не бил исчистен од вегетација, и нудел добра камуфлажа за напаѓачите.[14] Напладне бил пробиен крајниот север од линијата.[15] Помалубројните и недоволно вооружени чети пружале отпор колку што можеле, но до крајот на денот, сите пунктови биле во германски раце.[16]
Битка
уреди10 мај
уредиУтрото на 10 мај 1940 г, Германија ја започнала операцијата Жолт план и ги нападнала Холандија, Белгија, Франција и Луксембург, без да им објави војна (во случајот со Ниските Земји додека Франција веќе била во војна).
Веднаш по бомбардирањето, во периодот од 04:30 до 05:00 часот по локално време, падобранците слетале во близина на аеродромите. Холандската противвоздушна одбрана соборила многу транспортни авиони Ju 52 од Луфтвафе, а многу други биле уништени за време или по слетувањето. Во целата битка Германија загубила вкупно 224 Ju 52 авиони од 430-те ангажирани такви авиони од воздушните трупи.[17]
Нападот на Хаг завршил со оперативен неуспех. Падобранците не можеле навреме да го заземат главниот аеродром во Ипенбург за воздушната пешадија безбедно да слета во нивните Јункери. Малиот помошен аеродром Окенбург бил слабо бранет и веднаш паднал во германски раце. Аеродромот во Фалкенбург исто така бил брзо окупиран. Но, пистата сè уште се градела, а подземната вода сè уште била на високо ниво: авионите што слетале таму потонале во меката почва. Затоа, ниеден од овие аеродроми не бил во можност да прими значително засилување за Германците. Конечно, падобранците го окупирале Ипенбург, но не успеале да напредуваат кон Хаг, патот им бил попречен од собраната холандска војска. Попладнето Германците биле растерани со артилериски оган.[18] Холандската артилерија, исто така, ги избркала германските окупатори од другите два аеродрома, а преостанатите воздушни трупи се засолниле во блиските села.[19]
Нападот на Ротердам бил многу поуспешен. Дванаесет хидроавиони со два вода војници, слетале во срцето на градот и ги растовариле јуришните единици кои го зазеле мостот Вилемсбруг.[20] Во исто време, воениот аеродром Ваалхавен, сместен јужно од градот - на островот Ајселмонд, бил нападнат од воздушните сили.[21] Холандските единици кои го бранеле аеродромот биле поразени. Германските војски, чиј број постојано растел, почнале да се движат кон исток за да го окупираат Ајселмонд и на крајот дошле во контакт со падобранците задолжени да го окупираат стратешки значајниот мост во Дордрехт. На Островот Дордрехт бил заземен мостот Дордрехт, но во градот холандските гарнизони успешно пружале отпор.[22] Германците ги зазеле долгите мостови над устието на Холандс Дип кои го поврзуваат островот со провинцијата Северен Брабант.[23]
Германските дивизии почнале да се обидуваат да преминат преку реките Ајсел и Меза. Пешадиските дивизии ја преминале реката откако изградиле понтонски мостови.
Во меѓувреме, вечерта на 10-ти, околу 22:00 часот, на холандската граница почнале да пристигнуваат француски извиднички единици во оклопни автомобили Panhard 178. Оваа дивизија имала мисија беше да обезбеди контакт меѓу Вестинг Холандија и Антверпен.[24] Иако Германците бавно напредувале, полковникот Шмит во 20:30 наредил да се напушти позицијата на линијата Пил-Рам и неговите трупи да се вратат на запад и да постават нова линија кај каналот Зуид-Вилемсварт.[25]
11 мај
уредиНа 11 мај, холандскиот командант генерал Винкелман имал два приоритета. Пред сè, сакал да ги елиминира германските воздушни трупи. Вториот приоритет бил тесно поврзан со првиот: овозможување на француската армија да изгради силна одбранбена линија во Северен Брабант.[26] Винкелман на располагање имал ограничени ресурси за да влијае на овој процес.
Рано во текот на денот холандските баталјони направиле два обиди да извршат напад врз западното крило од германскиот периметар. Првиот баталјон, кој бил повлечен од белгиската граница, на две места делумно ја преминал Оуде Маас и се обидел да упадне на мостот кај Барендрехт во Ајселмонд;[27] вториот баталјон претходниот ден ја преминал Дордце Кил до островот Дордрехт.[28] Иако преминот бил успешен, трупите биле изненадени од германски контранапади и се разбегале. И другиот баталјон бил изненаден, при што многу војници биле заробени.[29]
Во Ротердам, иако засилени со пешадиски полк, Холанѓаните не успеале целосно да ги отстранат германските воздушни трупи од мостот на северниот брег на Маас.[30]
Во Северен Брабант, ситуацијата брзо се влошила. Француските команданти од 7-та армија очекувале дека холандскиот отпор на позицијата Меуз и Пил-Рам ќе им овозможи барем четири дена за да изградат одбранбена линија во близина на Бреда. Биле непријатно изненадени кога дознале дека трите најдобри холандски дивизии се преместени на север и дека преостанатите сили се веќе во целосно повлекување.[31] Винкелман, кога ја согледал општата холандска слабост во регионот, од британската влада побарал да испрати армиски корпус за да ги зајакне сојузничките позиции во областа и да го бомбардира аеродромот Валхавен.[32]
Во меѓувреме, на север, Првата коњичка дивизија на Германците напредувала низ Фрисланд и вечерта стигнала до Сник. Повеќето холандски војници биле евакуирани преку Афслуитдијк.[33]
12 мај
уредиУтрото на 12 мај, генералот Винкелман бил во умерено оптимистичко расположение.[34] Тој сè уште претпоставувал дека со помош на Французите може да се воспостави цврста одбранбена линија во Северен Брабант и со напредокот кој го очекувал сметал дека може да се елиминираат воздушните сили, но не знаел дека Германците ја пробиле линијата Гребе.[35]
Веднаш штом пешадиските сили ја пробиле фронтовата линија Пил-Рам, оклопната дивизија добила наредба да се поврзе со воздухопловните трупи. Бидејќи целиот холандски фронт се распаднал, имало поволни услови за тоа. Француските сили не можеле да го спречат тоа бидејќи германската 6-та армија го напаѓала нејзиното десно крило и немале време да подготват одбранбена линија. Втората француска бригада која пристигнала во Тилбург, се повлекла на југ. Исто така, 25-тата коњичка дивизија во Бреда не успеала да напредувапреку реката Марк на север. Извидувачките единици од 9-та панцирска дивизија, во зори, северно од Тилбург, го изненадиле полковникот Шмит и го заробиле. Холандските трупи во покраината со ова ја изгубиле сета обединета команда.[36] Веднаш по пладне, германските оклопни автомобили продреле триесет километри кон запад и стапиле во контакт со нивните трупи на мостот Мордајк, отсекувајќи ја тврдината Холандија од сојузничките војски.[37] Во 13:35 часот Гамелин наредил сите француски трупи во Северен Брабант да се повлечат во Антверпен, и да се ограничат само на давање поддршка од позадина.[38]
Лесната дивизија со четири баталјони и со мала артилериска поддршка се обидела повторно да го освои островот Дордрехт.[39] Но, баталјонот на своето десно крило налетал на германски баталјон.[40] Во улични борби, германските трупи успешно го попречиле напредувањето на холандскиот баталјонот; другите холандски единици околу пладне го запреле напредувањето. Тој ден немало нов обид од холанѓаните.[41]
Во Ротердам и околу Хаг, холандските команданти, кои сè уште се плашеле од претпоставената петта колона, се ограничиле само на безбедносни мерки;[42] на војската ѝ било наредено да не организираат никакви напади.
Додека состојбата на југ станувала критична, на исток Германците ги направиле првите успешни обиди да ги отстранат холандските бранители од Гребеберг. По артилериско бомбардирање утрото, околу пладне баталјон на Дер Фирер нападнал холандска чета,[43] и набрзо ги пробил холандските позиции.[44] Вториот германски баталјон потоа го проширил пробивот на север. Холандската артилерија, иако еднаква по сила со германската, не успеала да се спротивстави. До вечерта, Германците под своја контрола ја ставиле густо пошумената област помеѓу двете линии.[45]
Во попладневните часови, генералот Винкелман добил информации дека оклопни сили напредуваат во регионот Лангстраат. Тој сè уште се надевал дека тие сили се француски, но Радио Бремен во 23:00 часот објавило дека германските тенкови се поврзале со падобранците.[46] Винкелман им наредил на артилериските единици во Хоксе Вард да се обидат да ги уништат мостовите Мердајк и испратил специјален инженерски тим во Ротердам за да го кренат во воздух Вилемсбруг. Тој исто така наредил да се запалат огромните стратешки резерви на нафта на Royal Dutch Shell во Пернис.[47] Откако Винкелман претходно ја информирал за неговата загриженост, холандската влада од Винстон Черчил побарала три британски дивизии за да го свртат курсот на битката. Три британски торпедни чамци биле испратени до Ајселското Езеро.[48] Исто така, вториот баталјон од велшката гарда бил подготвен за да биде испратен во Холандија.
13 мај
уредиВо раните утрински часови на 13 мај, генералот Винкелман ја информирал холандската влада дека смета дека општата ситуација е критична. На копно, Холанѓаните биле отсечени од сојузничкиот фронт и било јасно дека не треба да се очекуваат поголеми сојузнички истоварувања кои по море би ја зајакнале тврдината Холандија; без таква поддршка немало добри изгледи успешно да се продолжи со отпорот. Германските тенкови можело брзо да поминат низ Ротердам; Винкелман веќе наредил сета расположлива противтенковски одбрана да се постави околу Хаг, за да се заштити седиштето на владата. Сепак, се надевале дека планираните контранапади би можеле да го одржат јужниот фронт во близина на Дордрехт и го вратат источниот фронт кај Гребеберг. Затоа, кабинетот одлучил засега да ја продолжи борбата,[49] давајќи му на генералот мандат да ја предаде Армијата кога ќе смета дека тоа е потребно и инструкција да избегнува непотребни жртви. Како и да е, исто така се сметало дека е неопходно кралицата Вилхелмина да биде однесена на безбедно; таа околу пладне[50] со бродот <i id="mwBBc">Хереард</i> заминала за Англија.[51]
Претходната вечер, единственото дете на кралицата и престолонаследничка на Холандија, принцезата Јулијана, заедно со сопругот принцот Бернхард од Липе-Бистерфелд и нивните деца, од Ајмауден со бродот <i id="mwBCE">Кодрингтон</i> заминале за Харвич. Планот за заминување веќе бил направен пред инвазијата.[52] Бидејќи кралицата според уставот била дел од владата, по нејзиното заминување кабинетот бил соочен со изборот дали да ја следи или да остане. По жестоки дискусии, било решено да си заминат; министрите заминале во 19:20 со бродот <i id="mwBCY">Виндзор</i> и во Лондон формирале влада во егзил, а на Винкелман му била доверена сета владина надлежност во татковината.[53] Со три холандски трговски бродови, придружувани од британски воени бродови, во Обединетото Кралство биле префрлени државните резерви на благородни метали и дијаманти.[54]
14 мај
уредиИ покрај песимизмот кој го искажал до холандската влада и дадениот мандат да ја предаде Армијата, генералот Винкелман го чекал исходот на настаните, и избегнувал да капитулира додека тоа не е апсолутно неопходно.[55]
Во 09:00 часот германски гласник го преминал Вилемсбруг за да доставил ултиматум со кој се барало капитулација на градот; доколку не се добие позитивен одговор во рок од два часа, би се користеле „најтешките средства за уништување“.[56] Винкелман кога слушнал дека документот не е потпишан и не го содржи името на испраќачот, наложил да се испрати холандски претставник за да ги разјасни работите и да се добие време.[57] Во 12:00 часот, Шмит веќе испратил радио порака дека бомбардирањето мора да се одложи бидејќи преговорите започнале.[58] Веднаш откако холандскиот претставник го добил вториот ултиматум, сега потпишан од Шмит и со ново време на истекување од 16:20 часот, околу 13:20 часот пристигнале две Хајнкел формации,[56] кои не ги добиле наредбите за отповикување. Шмит наредил да се испукаат црвени ракети за да сигнализираат дека бомбардирањето треба да се прекине, но само ескадрилата која бомбардирала од југозапад го прекинала нападот. Другите кои се пришле од исток, продолжиле испалиле вкупно 1308 бомби,[59] и го уништиле центарот на градот и убиле 814 цивили. Во пожарот кој следел биле уништени околу 24.000 куќи, а речиси 80.000 жители останале без покрив над главата.[60] Во 15:50 Шарро капитулирал лично пред Шмит.[61] Во меѓувреме, Геринг наредил да се изврши второ бомбардирање на градот ако не се добие порака дека целиот Ротердам е окупиран.[62] Кога Шмит слушнал за наредбата, тој во 17:15 набрзина испратил некодирана порака, тврдејќи дека градот е заземен. Бомбардерите биле навреме отповикани.[63]
Предавање на холандската армија
уредиВинкелман прво имал намера да ја продолжи борбата, иако Ротердам капитулирал, а германските сили од таму сега би можеле да напредуваат кон тврдината Холандија. Периметарот околу Хаг сè уште можел да спречи оклопен напад, а водената линија Нова Холандија имала одредена одбранбена способност.[64]
Меѓутоа, тој набрзо добил порака од командантот на градот Утрехт, дека Германците бараат негово предавање. Пропагандни авиони фрлале летоци кои најавувале дека само безусловно предавање може да ги „поштеди од судбината на Варшава“.[65] Винкелман заклучил дека новата германска политика е да се опустоши секој град кој пружа некаков отпор. Со оглед на добиениот мандат да избегне непотребно страдање и поради безнадежноста на холандската воена позиција, тој решил да се предаде.[66] Во 16:50, сите армиски единици на повисоко ниво преку телеграф биле информирани за неговата одлука и им било наредено прво да го уништат своето оружје, а потоа да се предадат на најблиските германски единици. Во 17:20 часот за ова бил информиран германскиот пратеник во Хаг.[67] Околу 19:00 часот Винкелман одржал радио говор во кој го информирал холандскиот народ за одлуката.
Во 05:00 часот на 15 мај, германски гласник стигнал во Хаг, поканувајќи го Винкелман во Ријсорд на средба со фон Кухлер за да преговараат за одредбите на пишаниот капитулантски документ. И двајцата брзо се согласиле за повеќето од условите, Винкелман изјавил дека ги предава војската, поморските и воздушните сили. Документот бил потпишан во 10:15 часот.[68]
Борби во Зеланд
уредиПокраината Зеланд, во југозападниот дел од земјата, била изземена од предавањето; таму борбите продолжиле во заеднички сојузнички напори со француските трупи. Таму, холандските сили имале осум баталјони[69] под команда на контраадмиралот Хендрик Јан ван дер Стад, кој, како поморски офицер, бил директно подреден на Винкелман.[37]
Три француски GRDI ( Grupes de Reconnaissance de Division d'Infanterie ) единици таму пристигнале на 10 мај; овие моторизирани единици потоа заминале за Северен Брабант, но на 11 мај таму дошле две француски пешадиски дивизии.[70]
На 14 мај Германците го окупирале речиси целиот Северен Брабант. Моралот на бранителите на позицијата Бат, бил сериозно поткопан од веста дека Винкелман се предал; многумина заклучиле дека е бескорисно Зеланд да продолжи да се спротивставува како последна преостаната покраина. По артилериското бомбардирање на позицијата вечерта на 14 мај трупите се повлекле од Бат.[71]
Утрото на 15 мај Германците се приближиле до Занддијк. Првиот напад околу 08:00 часот бил лесно одбиен, бидејќи Германците морале да напредуваат преку тесен насип низ поплавите.[72] Меѓутоа, бомбардирањето предизвикало баталјоните да ги напуштат главните позиции,[73] и целиот фронт морал да се напушти околу 14:00 часот и покрај тоа што јужниот дел бил поддржан од францускиот торпеден чамец L'Incomprise.[74]
Утрото на 16 мај, имало воздушен напад кој ги уништил бранителите уште пред да започне копнениот напад. Обидот на војниците да побегнат во Валчерен, завршил неуспешно.[75] На 16 мај бил заземен островот Толен, а на 17 мај паднал и Шувен.[76]
Командантите на холандските трупи во Јужен Бевеленд ги одбиле директните команди од нивниот претпоставен да не го напаѓаат германското крило. Сепак ноќниот напад на 17 мај преку Слодам не успеал. Германците барале капитулација на островот, а кога ова било одбиено, тие ги бомбардирале Арнемуиден и Флешинг. Миделбург, главниот град на покраината, бил жестоко гранатиран. Гранатирањето ги деморализирало главно француските бранители, а Германците успеале да воспостават мост околу пладне.[77] Неколкуте холандски војници присутни на Валчерен го прекинале отпорот.
Откако Северен Бевеленд се предал на 18 мај, Зеландска Фландрија била последната неокупирана холандска територија. По наредба на Французите, на 19 мај сите холандски трупи биле повлечени во Остенде во Белгија, бидејќи нивното присуство би било деморализирачко и збунувачки за нивните сопствени сили. На 27 мај цела Зеландска Фландрија била окупирана.[78]
Последици
уредиПо холандскиот пораз, кралицата Вилхелмина креирала влада во егзил во Британија.[79] Германската окупација официјално започнала на 17 мај 1940 година. Ќе поминат пет години пред да се ослободи целата земја. Во тој период преку 210.000 жители на Холандија станале жртви на војната, меѓу кои имало и 104.000 Евреи и други малцинства, жртви на геноцид. Дополнителни 70.000 луѓе се претпоставува дека умреле од индиректни последици, како лоша исхрана или ограничени медицински услуги.[80]
Наводи
уреди- ↑ Frieser (2005), p. 74
- ↑ Gunther, John (1940). Inside Europe. New York: Harper & Brothers. стр. xxi.
- ↑ De Jong (1969b), p. 129
- ↑ De Jong (1969b), pp. 203–208
- ↑ De Jong (1969b), p. 254
- ↑ De Jong (1969b), p. 251
- ↑ De Jong (1969b), pp. 254–256
- ↑ De Jong (1969b), pp. 256–258
- ↑ De Jong (1969b), p. 258
- ↑ De Jong (1969b), p. 392
- ↑ De Jong (1969b), p. 393
- ↑ De Jong (1969b), p. 249
- ↑ Amersfoort (2005), p. 266
- ↑ Amersfoort (2005), p. 269
- ↑ Amersfoort (2005), p. 272
- ↑ Amersfoort (2005), p. 275
- ↑ J.N. Fernhout, 1992, "Het verband tussen de Luftwaffe-verliezen in mei '40 en de Duitse invasieplannen voor Engeland", Militaire Spectator 161(8): 364-371
- ↑ Amersfoort (2005), p. 197
- ↑ Amersfoort (2005), p. 199
- ↑ Amersfoort (2005), p. 341
- ↑ Amersfoort (2005), p. 340
- ↑ Amersfoort (2005), p. 338
- ↑ Amersfoort (2005), p. 336
- ↑ Amersfoort (2005), p. 230
- ↑ Amersfoort (2005), p. 227
- ↑ Amersfoort (2005), p. 165
- ↑ Amersfoort (2005), p. 345
- ↑ Amersfoort (2005), p. 346
- ↑ Amersfoort (2005), p. 347
- ↑ Amersfoort (2005), p. 363
- ↑ Amersfoort (2005), p. 235
- ↑ Amersfoort (2005), p. 164
- ↑ Amersfoort (2005), p. 320
- ↑ Amersfoort (2005), p. 168
- ↑ Amersfoort (2005), pp. 171–172
- ↑ Amersfoort (2005), p. 237
- ↑ 37,0 37,1 Amersfoort (2005), p. 238
- ↑ Amersfoort (2005), p. 243
- ↑ Amersfoort (2005), p. 352
- ↑ Amersfoort (2005), p. 353
- ↑ Amersfoort (2005), p. 355
- ↑ Amersfoort (2005), p. 364
- ↑ Amersfoort (2005), p. 281
- ↑ Amersfoort (2005), p. 282
- ↑ Amersfoort (2005), p. 284
- ↑ Amersfoort (2005), p. 170
- ↑ Amersfoort (2005), p. 172
- ↑ De Jong (1970) p. 272
- ↑ Amersfoort (2005), p. 176
- ↑ De Jong (1970), p. 225
- ↑ Amersfoort (2005), p. 175
- ↑ De Jong (1970), p. 264
- ↑ De Jong (1970), p. 288
- ↑ „The National Archives – War Cabinet Weekly Résumé (No. 37) of the Naval, Military and Air Situation“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 30 July 2013. Посетено на 11 March 2013.
- ↑ Amersfoort (2005), p. 178
- ↑ 56,0 56,1 De Jong (1970), p. 348
- ↑ De Jong (1970), p. 349
- ↑ De Jong (1970), p. 350
- ↑ Amersfoort (2005), p. 370
- ↑ De Jong (1970), p. 366
- ↑ De Jong (1970), p. 368
- ↑ De Jong (1970), p. 369
- ↑ De Jong (1970), p. 370
- ↑ Amersfoort (2005), p. 181
- ↑ Amersfoort (2005), p. 182
- ↑ Amersfoort (2005), p. 183
- ↑ De Jong (1970), p. 375
- ↑ Amersfoort (2005), p. 184
- ↑ Amersfoort (2005), p. 244
- ↑ Amersfoort (2005), p. 240
- ↑ Amersfoort (2005), p. 245
- ↑ Amersfoort (2005), p. 246
- ↑ Amersfoort (2005), p. 247
- ↑ Amersfoort (2005), p. 248
- ↑ Amersfoort (2005), p. 249
- ↑ Amersfoort (2005), p. 250
- ↑ Amersfoort (2005), p. 251
- ↑ Amersfoort (2005), p. 253
- ↑ Shirer (1960), p. 723
- ↑ Oorlogsverliezen 1940–1945.
Извори
уреди