Холандска влада во егзил

Холандска влада во егзил (холандски: Nederlandse regering in ballingschap), позната и како лондонски кабинет (холандски: Londens kabinet) ― холандска влада во егзил надгледувана од кралицата Вилхелмина, која за време на Втората светска војна по германската инвазија на земјата (10 мај 1940) побегнала во Лондон.

Холандска влада во егзил
Nederlandse regering in ballingschap
Знаме Грб
Главен градАмстердам
Уредување Привремена влада

Позадина и егзил

уреди
 
Стратон хаус во Лондон каде што била сместена холандската влада во егзил.

До 1940 година, Холандија била неутрална држава во Втората светска војна која имала релативно добри односи со Германија. На 10 мај 1940 година, Германија ја нападнала Холандија. Кралицата Вилхелмина со британскиот брод Хереворд побегнала од земјата и на 13 мај пристигнала во Лондон.[1] Холандските вооружени сили не можеле да го издржат германскиот блицкриг и за два дена се предале. Во Лондон, кралицата застанала на чело на холандската влада во егзил, основана во Стратон Хаус во областа Пикадили во Лондон. [2] Прво, тие се надевале дека Франција ќе се прегрупира и ќе ја ослободи нивната земја. Иако имало таков обид, тој бил неуспешен, а сојузничките сили биле опколени и биле принудени да се евакуираат во Данкерк. Холандските вооружени сили кои останале да ја бранат Холандија (освен војската што го окупирала Зеланд), се предале на 15 мај 1940 година.

Престолонаследникот на Холандија, принцезата Јулијана, заедно со нејзиното семејство била испратена во Канада, каде што ја поминале војната. [3]

Владата во егзил набрзо се соочила со дилема. По поразот на Франција, на власт дошла Вишиевската француска влада која на Адолф Хитлер му предложила политика на соработка. Тоа довело до конфликт меѓу холандскиот премиер Дирк Јан де Гир и кралицата. Де Гир сакал да го следи францускиот пример, односно да се врати во Холандија и да соработува со нацистите. Владата во егзил сè уште под своја контрола ја имала Холандска Источна Индија со сите нејзини ресурси и била трет најголем производител на нафта во светот, по Соединетите Држави и Советскиот Сојуз. Вилхелмина увидела дека доколку Холанѓаните соработуваат со Германија, Холандска Источна Индија ќе ѝ биде предадена на Јапонија, исто како што по наредба на Вишиевата влада ѝ била предадена Француска Индокина

Егзил во Лондон

уреди
 
Питер Сјоердс Гербранди, премиер на владата во егзил на микрофон на БиБиСи, 23 септември 1941 година

Сета надеж за ослободување на Холандија се полагала во влегувањето на Американците или Советскиот Сојуз во војната. Кралицата го разрешила Де Гир од функцијата премиер. Бил заменет со Питер Шурдс Хербранди. Аруба и Курасао, со своите рафинерии за нафта од светска класа, биле важни добавувачи на рафинирани производи за сојузниците. Аруба станала британски протекторат од 1940 до 1942 година и американски протекторат од 1942 до 1945 година. На 23 ноември 1941 година, по договор со холандската влада во егзил, Соединетите држави ја окупираа Холандска Гвајана за да ги заштитат рудниците со боксит. [4] На Јапонија ѝ било наметнато ембарго за нафтени производи, што било една од причините за нападот на Перл Харбор.

Во септември 1944 година, холандската, белгиската и луксембуршката влада во егзил започнале да формулираат договор за создавање царинска унија на Бенелукс. [5] Договорот бил потпишан на 5 септември 1944 година.

По завршувањето на Втората светска војна, Вилхелмина и нејзината влада се вратиле во Холандија и воспоставиле нов демократски режим. [6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „The German invasion of Holland - History Learning Site“. History Learning Site (англиски). Посетено на 2017-06-27.
  2. „Plaque: Netherlands Government in exile“. London Remembers. Посетено на 6 May 2013.
  3. „Dutch Princess Seeks Asylum in Canada“, History (англиски), Посетено на 2020-11-08
  4. „World War II Timeline“. Архивирано од изворникот на 2011-06-05. Посетено на 2023-01-01.
  5. Walsh, Jeremy. „Benelux Economic Union – A New Role for the 21st Century“ (PDF). Lehigh University. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03. Посетено на 13 July 2013.
  6. „Netherlands - History | history - geography“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2017-06-27.