Десетични
Вредност  SI 
1000 кбит килобит
10002 Мбит мегабит
10003 Гбит гигабит
10004 Тбит терабит
10005 Пбит петабит
10006 Ебит ексабит
10007 Збит зетабит
10008 Јбит јотабит
10009 Рбит ронабит
100010 Квбит кветабит
Двоични
Вредност  IEC  JEDEC 
1024 Кибит кибибит Кбит Кб килобит
10242 Мибит мебибит Мбит Мб мегабит
10243 Гибит гибибит Гбит Гб гигабит
10244 Тибит тебибит
10245 Пибит пебибит
10246 Еибит ексбибит
10247 Зибит зебибит
10248 Јибит јобибит

Бит или шанонединица мерка за информација. Второто име го добила според научникот Клод Шанон. Toj во 1948 година преку своето дело „Математичка теорија на комуникациите“ ја поставил основата на науката којашто подоцна ќе го добие името „теорија на информацијата“.

Битот може да има вредност 0 или 1. Најголемата употреба на оваа мерка е во компјутерската индустрија каде што сите компјутерски делови работаат со битови. Со 0 се означува дека не тече струја, додека со 1 се означува дека има струја во елементот. Тие се групираат во низа од 8 битови кои се нарекуваат бајт.

Ако го гледаме од логичка страна битот претставува логичка нула(негативна вредност) или логичка единица(позитивна вредност).

Дефиниција

уреди

Доколку даден извор е способен да емитува N различни и еднаквоверојатни пораки, тогаш информацијата што ја содржи секоја порака изнесува логаритам со основа два од N. Овој број има единица мерка шанон. Значи, доколку еден извор е способен да емитува само две пораки, тогаш секоја порака содржи информација од еден шанон.

Постојат и други единици мерки за информација. Обично тие се разлкуваат во основата на логаритмот во формулата за пресметување.

Во литературата оваа единица мерка најчесто се бележи со Sh.