Бит
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Бит или шанон — единица мерка за информација. Второто име го добила според научникот Клод Шанон. Toj во 1948 година преку своето дело „Математичка теорија на комуникациите“ ја поставил основата на науката којашто подоцна ќе го добие името „теорија на информацијата“.
Битот може да има вредност 0 или 1. Најголемата употреба на оваа мерка е во компјутерската индустрија каде што сите компјутерски делови работаат со битови. Со 0 се означува дека не тече струја, додека со 1 се означува дека има струја во елементот. Тие се групираат во низа од 8 битови кои се нарекуваат бајт.
Ако го гледаме од логичка страна битот претставува логичка нула(негативна вредност) или логичка единица(позитивна вредност).
Дефиниција
уредиДоколку даден извор е способен да емитува N различни и еднаквоверојатни пораки, тогаш информацијата што ја содржи секоја порака изнесува логаритам со основа два од N. Овој број има единица мерка шанон. Значи, доколку еден извор е способен да емитува само две пораки, тогаш секоја порака содржи информација од еден шанон.
Постојат и други единици мерки за информација. Обично тие се разлкуваат во основата на логаритмот во формулата за пресметување.
Во литературата оваа единица мерка најчесто се бележи со Sh.
Оваа информатичка статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |