Бејли Скот
Меккеј Хју Бејли Скот (англиски: Mackay Hugh Baillie Scott) (23 октомври, 1865, Рамсгејт - 10 февруари, 1945, Брајтон) бил британски архитект и уметник[1].
Бејли Скот | |
---|---|
Бејли Скот | |
Роден(а) | 23 октомври 1865 Рамсгејт, Кент, Велика Британија |
Починал(а) | 10 февруари 1956 Брајтон, Велика Британија |
Националност | Британец |
Зданија | Ред Хаус (Црвена Куќа), Даглас |
Роден е во Бирдс Хил, Ст. Питерс во близината на Рамсгејт, Кент, како најстар од 14 деца.
Најпрво студирал на Земјоделскиот колеџ во Сајренстер, Глостершир, но решил да не ја следи семејната традиција на одгледување на овци, туку да студира архитектура. Студирал во Бат, но неговиот развој како архитект бил под најголемо влијание од 12 годишниот престој на островот Ман. Првите четири години од овој период живеел на Александар Терас, Даглас. Во 1893 тој и неговата фамилија се преселиле во Ред Хаус, Викторија Роуд, Даглас, куќа која сам ја проектирал.
На почетокот на кариерата Бејли Скот работел со Фред Саундерс, со кој студирал во Уметничката школа на Островот Ман, која исто така се наоѓа во Даглас. Во мај 1891, Бејли Скот станал учител по уметност со сертификат. Во уметничката школа се спријателил со Арчибалд Нокс. Бејли Скот подоцна го напуштил Саундерс и основал сопствен бизнис, исто така во Даглас.
Се придружил на движењето Уметност и вештина, заедно со Вилијам Морис и Џон Раскин; но сепак развил сопствен стил, кој се движел во насока на поедноставна форма на архитектура. Бејли Скот бил познат по значителното време кое го посветувал на куќите, како во ентериерот така и во екстериерот. Проектирал околу 300 згради за време на неговиот живот.
Починал во болницата Елм Гроув во Брајтон. На неговата надгробна плоча пишува: "Највеќе ја сакаше природата, а по неа уметноста" (Nature he loved and next to nature art)[2].
Наводи
уреди- ↑ „Mackay Hugh Baillie Scott“. Архивирано од изворникот на 2020-11-25. Посетено на 2021-02-04.
- ↑ Mackay Hugh Baillie Scott in Cumbria
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |