Трговски центар Акмеркез

Акмеркез е трговскиот центар кој се наоѓа во Етилер, Истанбул, Турција. Тој бил основан на 18 декември 1993 година од заедничко вложување на компаниите Акок-Текфен-Истикбал[1][2][3][4]

Акмеркез
Akmerkez
Поглед кон објектот
Карта
МестоЕтилер, Истанбул, Турција
Координати41°04′37″N 29°01′37″E / 41.07694° СГШ; 29.02694° ИГД / 41.07694; 29.02694
Отворен на18 декември, 1993
ИзведувачАкок-Текфен-Истикбал
Продавници246
Главни закупнициБејмен (4,794)

Зара (1,550) Мудо (974) Вако (617)

Масимо Дути (546)
Површина180,000
Паркинг1,500
Мреж. местоwww.akmerkez.com.tr

Комплексот зафаќа површина од 180.000 метри и се состои од четири ката. Месечно трговскиот центар се посетува од страна на скоро 2.500.000 луѓе. Акмеркез нуди машка, женска и детска облека, деловни играчки, спортски чевли, различни ресторани и кафулиња, фризерски салони, менувачници, туристички агенции итн.

Според статистиката, посетителите престојуваат околу 3,5 часа во трговскиот центар, додека светскиот просек се движи до 2,5 часа. Санитарните работи се обезбедуваат од страна на 250 работници.

Во 1995 година, Акмеркез бил избран како најдобар трговски центар во Европа од страна на Меѓународниот совет на трговски центри (ICSC). Во натпреварот, организиран од страна на истиот овој совет, Акмеркез беше признат како најдобар трговски центар во светот во 1996 година.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Cengiz, Demet (2014-10-20). „Akmerkez'in içi dışına çıkıyor“. Sözcü. Посетено на 2015-09-15.
  2. „Akmerkez yakında sokağa çıkıyor“. Milliyet. 2013-11-18. Посетено на 2015-09-15.
  3. Topal, Tayfun (2013-11-24). „Bu hamle Akmerkez'i zirveye çıkarır“. Habertürk. Посетено на 2015-09-15.
  4. „Art comes to Akmerkez again“. Hürriyet Daily News. 2007-10-18. Посетено на 2015-09-15.

Надворешни врски

уреди

41°04′37″N 29°01′37″E / 41.07694° СГШ; 29.02694° ИГД / 41.07694; 29.02694{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница