Берзенбрик
Берзенбрик (германски: Bersenbrück; долногермански: Bessenbrügge) — мал град во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Хазе, околу 30 километри северно од безокружниот град Оснабрик.
Берзенбрик
Bersenbrück | |
Градскиот плоштад | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Оснабрик |
Општ. заед. | Берзенбрик |
Градски единици | 7 |
Градоначалник | Кристијан Клич (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 42,54 км2 |
Надм. височина | 37 м |
Население | 8.850 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 208 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OS |
Пошт. бр. | 49593 |
Повик. бр. | 05439, 05462 |
Портал | www.bersenbrueck.de |
Местоположба на градот Берзенбрик во рамките на округот Оснабрик | |
Координати | 52°32′0″N 7°55′0″E / 52.53333° СГШ; 7.91667° ИГД |
Градот претставува административно седиште на истоимената општинската заедница.
Географија
уредиМестоположба
уредиБерзенбрик се наоѓа помеѓу ридските масиви Анкумер Хее и Дамер Берге на реката Хазе.
Градски единици
уредиГрадот е составен од следниве единици:
- Ахаузен-Зитер
- Бокел
- Хаструп
- Хертман-Лобек
- Пригенхаген
- Талге
- Волтруп-Веберген
Клима
уредиГрадот е под влијание на мешана морска клима со влажни северозападни ветришта од Северното Море. Годишна просечна температура на воздухот изнесува од 8,5 до 9,0 °C и паѓаат околу 616 милиметри врнежи. Најтопли месеци се јули и август со просечни температури од 17,2, односно од 16,9 °C, додека најладни месеци се јануари и февруари со 1,6, односно 2,2 °C во просек. Најмногу врнежи паѓаат во месеците јуни и јули со просечно 69 односно 75 милиметри, додека најсуви месеци се февруари и март со просечни 36, односно 42 милиметри.
Клима на Квакенбрик | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна температура (°C) | 1,6 | 2,2 | 4,8 | 8,2 | 12,9 | 15,9 | 17,2 | 16,9 | 14,0 | 10,2 | 5,6 | 2,8 | 9,4 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 43 | 36 | 42 | 39 | 50 | 69 | 75 | 68 | 46 | 56 | 43 | 49 | 616 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 9 | 7 | 8 | 8 | 8 | 9 | 8 | 8 | 7 | 7 | 9 | 10 | 98 |
Сончеви часови (дневно) | 2 | 2 | 3 | 5 | 7 | 7 | 7 | 7 | 4 | 3 | 2 | 1 | 4,2 |
Извор: Временска станица Берзенбрик[2] и Германската временска служба со податоци: 1961-2007[3] |
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 23 избрани членови од три различни партии. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
Следната табела ги прикажува општинските резултати од 1996 година.
Изборни резултати за Градскиот совет на Берзенбрик | |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
CDU | SPD | UWG | GRÜNE | Вкупно | Излезност | ||||||||||||||||
Период | % | % | % | % | % | % | |||||||||||||||
1996–2001 | 66,1 | 14 | 27,6 | 6 | — | 6,3 | 1 | 100 | 21 | 69,9 | |||||||||||
2001–2006 | 69,7 | 15 | 26,0 | 6 | — | 4,2 | — | 100 | 21 | 64,2 | |||||||||||
2006–2011 | 64,2 | 14 | 29,1 | 6 | — | 6,7 | 1 | 100 | 21 | 48,8 | |||||||||||
2011–2016 | 56,7 | 12 | 23,2 | 5 | — | 20,1 | 4 | 100 | 21 | 50,3 | |||||||||||
2016–2021 | 56,3 | 13 | 20,6 | 5 | 12,2 | 3 | 10,9 | 2 | 100 | 23 | 50,8 | ||||||||||
2021–2026 | 52,56 | 12 | 31,2 | 7 | 16,2 | 4 | 100 | 23 | |||||||||||||
заокружени проценти. Извори: Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија[4], Округ Оснабрик.[5] |
Градоначалник
уредиОд 2013 година, градоначалник на Берзенбрик е Кристијан Клич (CDU).
- Досегашни градоначалници
- 2013–денес: Кристијан Клич (CDU)
- 2005–2013: Харалд Кројтер (CDU)
- 2001–2004: Ренате Хилсман (CDU)
- 1981–2001: Валтер Зандбринк (CDU)
Збратимени градови
уредиБерзенбрик е збратимен со следниве градови:
Познати луѓе
уреди- Ханс-Герт Петеринг (р. 1945) — политичар
Галерија
уреди-
Локалниот музеј во поранешна воденица
-
Парохиската црква
-
Железничката станица
-
Поранешниот манастир
-
Градското собрание
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Wetterstation Bersenbrück.
- ↑ Deutscher Wetterdienst.
- ↑ Landesbetrieb für Statistik und Kommunikationstechnologie Niedersachsen, Tabelle 5000311
- ↑ „Die Kommunalwahl Landkreis Osnabrück vom 11. September 2011 (enthält auch Ergebnisse 2006)“ (PDF). Landkreis Osnabrück. Архивирано од изворникот (PDF; 8,0 MB; S. 20; Spalte „Gemeindewahlen“) на 2016-03-06. Посетено на 2016-03-06.
Надворешни врски
уреди- Берзенбрик на Ризницата ?
- Матична страница (германски)