Бело Поле (Пиринско)

село во Горноџумајско, Пиринска Македонија
(Пренасочено од Бело поле)

Бело Поле (бугарски: Бело поле) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Кресна на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Бело Поле
Бело Поле is located in Бугарија
Бело Поле
Бело Поле
Местоположба во областа
Бело Поле во рамките на Пиринска Македонија
Бело Поле
Местоположба на Бело Поле во Општина Струмјани и Благоевградската област
Координати: 41°41′N 23°10′E / 41.683° СГШ; 23.167° ИГД / 41.683; 23.167
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаБлагоевград
Површина
 • Вкупна2,584 км2 (0,998 ми2)
Надм. вис.&10000000000000333000000333 м
Население (2024)
 • Вкупно611 [1].
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2709

Историја

уреди

Рана историја

уреди

Се претпоставува дека селото е наследник на античка римска населба. Извршени се археолошки ископувања при кои биле пронајдени монети од времето на Римската Република. Според една легенда, првите доселеници (и според друга верзија на легендата - патувачки трговци) на ова место пронашле ливади со бели цветови. Оттаму потекнува неговото сегашно име, Бело Поле.

Отоманско Царство

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 84 жители, сите Македонци.[2][3]

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, пет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Бугарија

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Географија и местоположба

уреди

Селото Бело Поле се наоѓа во западното подножје на Рила. Се наоѓа на левиот брег на реката Струма. Релјефот е ридски и постепено преминува во рамен. Климата е минлива. Почвите, растенијата и животните се карактеристични за овој дел на Бугарија. Крај Бело Поле минуваат главниот пат Е 79 и железничката линија Софија - Кулата. Има и железничка станица. Поради близината до Благоевград и важните сообраќајни врски, селото е вклучено во редовните автобуски линии за јавен превоз на патници во градот. Најблиска населба е селото Рилци.

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа површина од 2.584км².

Население[2][5]

уреди
Население на Сливница по попис[5]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
Жители 219 190 213 388 564 570 591 603 613
Население по возраст
од 2011 година
[6]:

Според пописот од 2021 година, селото имало 561 жител, со густина на населеност од 217.1/км².

Во пописот од 2011 година имало 613 жители, што значи дека во текот на една деценија има стапка на пад на население од -0.83%.[7]

Самоуправа и политика

уреди

Поштенски код на селото е 2709.

Редовни настани

уреди

Од 15 август (Успение на Пресвета Богородица) 2004 г. во селото, на овој датум, секоја година се одржува собир поради црквата во селото (официјално активна од 12 септември 2010 г.), која го носи истото име. На програмата се книжевни и музички изведби.

Наводи

уреди
  1. www.grao.bg
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 191.
  4. „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829
  5. 5,0 5,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Сливница, общ. Струмяни, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно |title= (help)
  6. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
  7. „City population“.