Ѕвезда од главната низа од типот A

Ѕвезда од главната низа од типот A (A V) — ѕвезда од главната низа (т.е. која согорува водород) од спектрален тип A и сјајносна класа V (пет). Овие ѕвезди имаат спектри кои се одликуваат со силни водородни впивни линии.[1] Имаат од 1,4 до 2,1 Сончеви маси (M) и површинска температура помеѓу 7.600 и 10.000 K, што значи дека живеат од 4,3 до 1,6 милијарди години. Светли и блиски примери се Алтаир (A7), Сириус A (A1) и Вега (A0). Ѕвездите од типот A немаат струевит слој и затоа не се смета дека имаат магнетни динама. Како последица од ова, во отсуство на силни ѕвездени ветришта, тие немаат маса за да создаваат рендгенско зрачење.

Уметничка претстава на Сириус A и Сириус B, двоен ѕвезден систем. Сириус A е ѕвезда од главната низа од типот A и поголемата од дете.

Спектрални стандарди

уреди
Својства на типични ѕвезди од главната низа од типот A[2][3][4][5][6]
Спектрален
тип
Маса (M) Полу-
пречник
(R)
Сјајност (L) Делотворна
температура

(K)
Боен
показател

(B − V)
A0V 2,18 2,193 38,02 9,700 0,00
A1V 2,05 2,136 30,90 9,300 0,04
A2V 1,98 2,117 23,99 8,800 0,07
A3V 1,93 1,861 16,98 8,600 0,10
A4V 1,88 1,794 13,49 8,250 0,14
A5V 1,86 1,785 12,30 8,100 0,16
A6V 1,83 1,775 11,22 7,910 0,19
A7V 1,81 1,750 10,00 7,760 0,21
A8V 1,77 1,748 9,12 7,590 0,25
A9V 1,75 1,747 8,32 7,400 0,27

Преработениот систем на Јеркисовиот атлас[7] дава густа решетка од стандардни ѕвезди за спектрите на џуџињата од типот A, но не сите од нив опстојале до денес како стандарди. Стандардните ѕвезди во MK-системот меѓу џуџињата од главната низа од типот A (т.е. оние непроменети со текот на времето кои го дефинираат системот) се Вега (A0 V), Фекда (A0 V) и Фомалхаут (A3 V).[8][9] Епохалната преработка на MK-класификацијата од Морган и Кинан (1973)[9] не дава стандарди меѓу типовите A3 V и F2 V. HD 23886 е предложена како стандард за A5 V во 1978 г.[10]

Ричард Греј и Роберт Гарисон ја имаат заслугата за последните придоенси кон класификацијата, објавени во два труда од 1987[11] и 1989 г.[12] Тие наведуваат разни спектрални стандарди за бавно- и брзовртечки џуџиња од типот A, како што се HD 45320 (A1 V), HD 88955 (A2 V), 2 Мала Водна Змија (A7 V), 21 Мал Лав (A7 V) и 44 Кит (A9 V). Понекогаш ѕвездата Зосма (A4 V) се среќава како стандард. Нема објавени стандардни ѕвезди за A6 V и A8 V.

 
Морган-Кинановата спектрална класификација.

Планети

уреди

Ѕвездите од типот A се млади (стари неколку стотини милиони години) и многу од нив лачат инфрацрвено зрачење повеќе од очекуваното. Овој инфрацрвен вишок се должи на прашината која ја исфрла остаточен диск кога се образуваат планети.[13] Прегледите укажуваат дека околу ѕвездите од типот A често се создаваат планети, иако тие тешко се пронаоѓаат со методот на Доплерова спектроскопија. Ова е бидејќи ѕвездите се вртат многу бргу, што го спречува мерењето на малите Доплерови поместувања предизвикани од планети во орбита бидејќи спектралните линии се многу широки.[14] Меѓутоа, овој тип на масивна ѕвезда со време се развива во поладен црвен џин кој се врти побавно и може да се мери по методот на радијална брзина.[14] До почетокот на 2011 г. пронајдени се околу 30 планети од јупитеровата класа сместени околу развиени K-џинови, меѓу кои се Полукс, Ерај и Едасих. Доплеровите прегледи на најразлични ѕвезди покажуваат дека 1 од 6 ѕвезди со двојно поголема маса од Сонцето имаат една или повеќе планети со големина на Јупитер, споредено со 1 од 16 за ѕвезди слични на Сонцето. [15]

Ѕвездени системит од типот A за кои се знае дека имаат планети се HD 15082, Бета Сликар, HR 8799 и Ајол.[16]

Примери

уреди

На далечина до 40 светлосни години:

Име Спектрален
тип
Соѕвездие Привидна
величина
Маса
(M)
Полупречник
(R)
Сјајност
(L)
Растојание
(сг)
Сириус A0mA1 Va Големо Куче −1,47 2,063 1,711 25,4 8,60 ± 0,04
Алтаир A7 V Орел 0,76 1,79 1,63–2,03 10,6 16,73
Вега A0 Va Лира 0,026 2,135 2,362 × 2,818 40,12 25,04
Фомалхаут A3 V Јужна Риба 1,17 1,91 1,84 16 25,1
Денебола A3 V Лав 2,14 1,78 1,73 15 35,8
Денеб Алгеди A5 IV Јарец 2,83 2,0 1,91 11 38,6

Денеб Алгеди веројатно е подџин или џиновска ѕвезда, а Алтаир е спорен подџин. Покрај тоа, Сириус е најсветлата ѕвезда на ноќното небо.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Stellar Spectral Types“. hyperphysics.phy-astr.gsu.edu. Посетено на 19 јуни 2007.
  2. Pecaut, Mark J.; Mamajek, Eric E. (1 септември 2013). „Intrinsic Colors, Temperatures, and Bolometric Corrections of Pre-main-sequence Stars“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 208 (1): 9. arXiv:1307.2657. Bibcode:2013ApJS..208....9P. doi:10.1088/0067-0049/208/1/9. ISSN 0067-0049. S2CID 119308564.
  3. Mamajek, Eric (2 март 2021). „A Modern Mean Dwarf Stellar Color and Effective Temperature Sequence“. University of Rochester, Department of Physics and Astronomy. Посетено на 5 јули 2021.
  4. Dale A. Ostlie; Bradley W. Carroll (2007). An Introduction to Modern Stellar Astrophysics. Pearson Addison-Wesley. ISBN 978-0-8053-0348-3.
  5. Habets, G. M. H. J.; Heintze, J. R. W. (1981). „Empirical bolometric corrections for the main-sequence“. Astronomy and Astrophysics Supplement Series. 46: 193. Bibcode:1981A&AS...46..193H.Tables VII, VIII
  6. Schröder, C.; Schmitt, J. H. M. M. (ноември 2007). „X-ray emission from A-type stars“. Astronomy and Astrophysics. 475 (2): 677–684. Bibcode:2007A&A...475..677S. doi:10.1051/0004-6361:20077429.
  7. Johnson, H. L.; Morgan, W. W. (1953). „Fundamental stellar photometry for standards of spectral type on the Revised System of the Yerkes Spectral Atlas“. The Astrophysical Journal. 117: 313. Bibcode:1953ApJ...117..313J. doi:10.1086/145697.
  8. Robert F. Garrison. „MK ANCHOR POINTS“. Архивирано од изворникот на 25 јуни 2019. Посетено на 5 јануари 2022.
  9. 9,0 9,1 Morgan, W. W.; Keenan, P. C. (1973). „Spectral Classification“. Annual Review of Astronomy and Astrophysics. 11: 29. Bibcode:1973ARA&A..11...29M. doi:10.1146/annurev.aa.11.090173.000333.
  10. Morgan, W. W.; Abt, Helmut A.; Tapscott, J. W. (1978). Revised MK Spectral Atlas for stars earlier than the sun. Bibcode:1978rmsa.book.....M.
  11. Gray, R. O.; Garrison, R. F. (1987). „The Early A-Type Stars: Refined MK Classification, Confrontation with Stroemgren Photometry, and the Effects of Rotation“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 65: 581. Bibcode:1987ApJS...65..581G. doi:10.1086/191237.
  12. Gray, R. O.; Garrison, R. F. (1989). „The Late A-Type Stars: Refined MK Classification, Confrontation with Stroemgren Photometry, and the Effects of Rotation“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 70: 623. Bibcode:1989ApJS...70..623G. doi:10.1086/191349.
  13. Song, Inseok; и др. (2002). „M-Type Vega-like Stars“. The Astronomical Journal. 124 (1): 514–518. arXiv:astro-ph/0204255. Bibcode:2002AJ....124..514S. doi:10.1086/341164. S2CID 3450920.
  14. 14,0 14,1 Johnson, John Asher; Fischer, Debra A.; Marcy, Geoffrey W.; Wright, Jason T.; Driscoll, Peter; Butler, R. Paul; Hekker, Saskia; Reffert, Sabine; Vogt, Steven S. (2007). „Retired a Stars and Their Companions: Exoplanets Orbiting Three Intermediate‐Mass Subgiants“. The Astrophysical Journal. 665: 785–793. arXiv:0704.2455. doi:10.1086/519677. S2CID 15076579.
  15. Johnson, J. A. (2011). „The Stars that Host Planets“. Sky & Telescope (April): 22–27.
  16. Smalley, J. B. (2014). „Eclipsing Am binary systems in the SuperWASP survey“. Astronomy and Astrophysics (April): 20.

Надворешни врски

уреди