Бекирли
Бекирли или Бекерли — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија, Централна Македонија, Грција.
Бекирли | |
---|---|
Координати: 41°7.35′N 22°38.59′E / 41.12250° СГШ; 22.64317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукуш |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Ругуновец |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало северно од Ругуновец, близу границата со Р Македонија.
Историја
уредиНа почетокот на XX век Бекирли било турско село во Гевгелиската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бекерлија (Bekerlia) било село со 15 домаќинства сочинети од 50 Македонци-муслимани.[1][2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Беќарли имало 200 жители Турци.[3]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Бекирли имало 40 турски куќи.[4]
Во Грција
уредиПо Втората балканска војна во 1913 г. согласно Букурешкиот договор селото влегло во состав на Грција. Таа година во Бекирли се попишани 246 жители.[5]
Бекирли се распаднало за време на Првата светска војна и не било обновено.[5]
Наводи
уреди- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 160–161. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 151. ISBN 954430424X.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 31.
- ↑ 5,0 5,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 75. ISBN 9989-9819-6-5.