Беи Дао

современ авантгарден кинески поет

Беи Дао (кинески: 北岛, „Северен остров“; р. 2 август 1949) — псевдоним на кинескиот поет Џао Џенкаи (赵振开), најистакнат претставник на поетската група „загадочни поети“ (朦胧诗人) чие творештво претставува реакција на ограничувачкиот карактер на Културната револуција.[1][2][3] Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.[4]

Златен венец на Струшките вечери на поезијата Беи Дао
北岛
Беи Дао во 2010 г.
Роден/аЏао Џенкаи
2 август 1949(1949-08-02)
Кина Пекинг, НР Кина
Занимањепоет, раскажувач, професор
НационалностКинез
Државјанство САД

Живот и творештво

уреди

Роден е во Пекинг. Го избрал псевдонимот Беи Дао (северен остров) бидејќи бил од северот на земјата и бидејќи претпочитал самотнички живот (т.е. осамено како остров).[5] Во младинските години, Беи Дао членувал во Црвена гарда која со ентузијазам ги следела и наметнувала учењата на Мао Це Тунг и начелата на Културната револуција, често по насилен пат. Меѓутоа, во него се јавувале сомнежи за исправноста на оваа идеологија, па бил испратен на преобразование и од 1969 до 1980 г. работел како градежник.[6] Во 1978 г. заедно со Манг Ке го основал списанието Ѓинтјен[7] („Денес“) како книжевно гласило на „загадочните поети“, но истото во 1980 г. било забрането. Делата на овој поетски кружок претставувале инспирација за продемократските движења во Кина, особено песната Одговор (回答), напишана за време на демонстрациите на плоштадот Тјенанмен во 1976 г. каде Беи Дао зел учество. Песната доживела популарност како химна на протестното движење за демократија и била печатена на плакати кои се лепеле воочи Тјенанменските протести во 1989 г.. За време на самите протести и подоцнежните стрелања, Беи Дао бил на книжевен собир во Берлин и добил забрана за влез во Кина, која траела сè до 2006 г. Во прогонство се протерани и тројцата други писатели од групата „загадочни поети“ — Гу Ченг, Дуо Дуо и Ланг Љен. На неговото семјество не му било дозволено да излезе од земјата за да му се придружи уште дополнителни шест години.

 
Беи Дао со сирискиот поет Адонис во Краков, 2011 г.

Почнувајќи од 1987 г. Беи Дао работел како професор во Англија, Германија, Норвешка, Шведска, Данска, Холандија, Франција и САД. Делата му се преведени на преку 25 јазици, вклучувајќи пет книги на англиски[8] и збирката рсаскази Бранови (1990) and the essay collections Сина куќа (2000) and Полноќна порта (2005). Продолжил да твори во странсто, а еговите дела се објавени во антологии на современата кнеска поезија.

Во 1990 г. во Стокхолм го возобновил списанието Ѓинтјен како книжевно гласило на иселените кинески писатели. Предавал и посетувал разни универзитети како Нотрдамскиот универзитет во Индијана, Алабамскиот универзитет во Таскалуса и Белојтскиот колеџ во Висконсин. Работи и како професор по општествени науки во Центарот за источноазиски студии при Кинескиот универзитет во Хонгконг. Повеќепати е предлаган за Нобеловата награда за литература.[9][10]

Награди

уреди

Беи Дао има освоено голе број награди, меѓу кои наградата „Тухолски“ од шведскиот ПЕН, меѓународната поетска награда „Аргана“ од Домот на поезијата во Мароко и Наградата на ПЕН/Барбара Голдсмит за слобода на пишување. Назначен е и за почесен член на Американската академија на уметностите и книжевноста.

Во 2015 г. го добил престижниот Златен венец на Струшките вечери на поезијата[4].

Дела

уреди

Стихозбирки

уреди
  • Августовски месечар (八月的梦游者, 1990)
  • Стар снег (旧雪, 1991)
  • Форми на оддалеченост (距离的形式, 1994)
  • Пејзаж над нулата (零度以上的风景线, 1996)
  • Отклучување (开锁, 2000)
  • На работ на небото: Песни 1991-1996 (在天涯, 2001) — збирка на сите дела од Форми на оддалеченост и Пејзаж над нулата
  • Роза на времето: Нови и избрани песни (时间的玫瑰, 2010)

Збирки раскази

уреди
  • Бранови (波动, 1990)

Сина куќа (房子, 2000)

Есеи и репортажи

уреди
  • Dao, Bei (есен 2009). Trans. Jeffrey Yang. „Once upon a time the Zhou brothers“. Granta (108): 125–134. Архивирано од изворникот на 2014-05-05. Посетено на 2015-03-13.

Збирки

уреди

Наводи

уреди
  1. poets.org: Bei Dao. Academy of American Poets. 13 мај 2008.
  2. Stanford profile
  3. „A Brief Guide to Misty Poets“. Архивирано од изворникот на 2010-04-12. Посетено на 2015-03-24.
  4. 4,0 4,1 „Кинескиот поет Беи Дао е добитник на „Златен венец" за 2015 година“. Струшки вечери на поезијата. 20 март 2015. Архивирано од изворникот на 2020-09-02. Посетено на 24 март 2015.
  5. Books and Writers: Bei Dao. Amazon.com. 13 мај 2008 <http://www.kirjasto.sci.fi/beidao.htm Архивирано на 1 мај 2008 г.>.
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-05-01. Посетено на 2015-03-24.
  7. Ѓинтјен
  8. Отклучување (2000), Пејзаж над нулата (1996), Форми на оддалеченост (1994), Стар снег (1992), Августовски месечар (1990)
  9. Stanford lectures}
  10. „Poets.org Nobel info“. Архивирано од изворникот на 2011-06-22. Посетено на 2015-03-24.

Надворешни врски

уреди