Безбилетник
Безбилетник или слеп патник — патник што избегнува да си го плати превозот (на пример во автобус, воз, брод) или гледач што влегува во кој било забавен настан (театар, циркус, стадион итн.) без билет. Понекогаш целта е едноставно да се стигне до некое местоназначение без да се плати превоз. Во други случаи, тоа е премин во друга земја без претходно да се обезбеди виза или други службени дозволи. За разлика од шверцот на луѓе, безбилетниците мораат да останат неоткриени од камионџијата, екипажот на бродот или кој било одговорен за безбедно и сигурно работење на превозот.[1]
Во Македонија има чести безбилетници во автобусите на ЈСП.
По вид превоз
уредиЖелезнички превоз
уредиНекои мигранти без документи се движат низ Европа незабележани во камиони и возови, често со цел да стигнат до други земји како Франција и Обединетото Кралство.[2]
Копнен превоз
уредиБезбилетниците понекогаш се кријат во возила како товарни камиони за да патуваат меѓу градовите. Додека некои мигранти организираат превоз со плаќање на возачот, други се кријат за да избегнат откривање. Во одредени области, возачите се законски обврзани да ги спречат безбилетниците да се качат на нивните возила и можат да се соочат со парични казни или затворски казни доколку не успеат да ги откријат и отстранат безбилетниците при преминување на националните граници.[3]
Воден превоз
уредиБезбилетниците на едреници и паробродови го популаризирале овој облик на тајно патување низ целиот свет. Во текот на XIX и XX век, осиромашените можни емигранти и авантуристичните патници додале чувство на приклучение и романтика во практиката. Значајни безбилетници во Америка преку параброд биле Хенри Армета, Бруно Ричард Хауптман, Вилем де Кунинг, Јан Валтин и Флорентино Дас.
Воздушен превоз
уредиБезбилетниците што се кријат во просторите на тркалата на авионот се соочуваат со исклучителни здравствени ризици, од кои многу често се смртоносни.[4] Тие вклучуваат повреди од згмечување од опремата за слетување што се повлекува, губење на слухот, хипотермија, хипоксија, смрзнатини, ацидоза и ризик од паѓање од просторот на тркалото кога повторно ќе се отвори. Одделот нема греење, притисок и кислород — неопходни за преживување на големи надморски височини. На околу 5.500 м, хипоксијата може да доведе до зашеметеност, слабост, оштетен вид и треперење. За 6.700 м, нивото на кислород во крвта нагло опаѓа, што го отежнува одржувањето на свеста. Над 10.000 м, на белите дробови им е потребен вештачки притисок за да работат, а температурите можат да паднат до -63 °C, предизвикувајќи тешка хипотермија. Оние што ги преживуваат условите или избегнуваат да бидат згмечени, обично се во бессознание кога одделувањето повторно се отвора за време на спуштањето, што води до смртоносен пад од илјадници метри.[4]
Наводи
уреди- ↑ „What is a stowaway? | Sealand Support“. PR Fire (англиски). Посетено на 2021-02-07.
- ↑ Halliday, Josh (31 July 2015). „Cameron chairs Cobra meeting after overnight standoff in Calais“. The Guardian. Посетено на 2 June 2017.
- ↑ „How are lorries checked for concealed migrants?“. BBC News (англиски). 2019-10-24. Посетено на 2020-01-09.
- ↑ 4,0 4,1 Kelly, Jon (September 13, 2012). „How often do plane stowaways fall from the sky?“. BBC News. Посетено на September 13, 2012.