Бедри Рахми Ејубоглу

Бедри Рахми Ејубоглу (1911 – 21, септември,1975) беше турски сликар и поет.

Бедри Рахми Ејубоглу
Роден(а)Мехмет Бедри Рахми
1911
Гореле, Гиресун Провинција, Отоманско Царство
Починал(а)21 септември 1975
Истанбул, Турција
ПочивалиштеКучикајали гробишта Истанбул
Националносттурчин
ОбразованиеУметност
Алма матерМимар Синан Универзитет - Академија за ликовна уметност
Занимањесликар, поет
СопружникЕрнестине Летони (в. 1936)
РодниниСабахатин Ејубоглу (брат)
Муала Ејубоглу (сестра)

Животопис

уреди

Бедри Рахми Ејубоглу е роден во 1911 година во Гореле на Црното Море. Тој бил второ дете во семејството. Неговиот постар брат, Сабахатин Ејубоглу, бил познат писател, а неговата помлада сестра, Муала Ејубоглу, била една од првите архитекти која работела во доменот реставрацијата. Таа била добро позната по својата работа во Палатата Топкапи во Истанбул[1].

Поради позицијата на татко му како гувернер, тој живеел во различни делови на Турција, средно училиште завршил во Трабзон. Во 1929 година пресели во Истанбул и се запишал на Академија за ликовни уметности во Истанбул.

Тој ја напушти Академијата привремено во 1931 година, заминувајќи да студира во Франција заедно со својот брат. Учал француски јазик во Дижон, а подоцна и во Лион.

Бедри Рахми студирал во студиото на Андре Лохте во Париз, каде ја запознал својата идна сопруга Ернестине Летони.

Подоцна се вратил во Турција, ги завршил студиите и се стекнал со диплома во 1936 година. Во 1937 година, бил вработен во Академијата како асистент и преведувач на Леополд Леви. Ејџоглу останал во Академијата до неговата смрт во 1975 година.

Творештво

уреди

Неговата прва самостојна изложба ја отворил во Букурешт во Галеријата Хасефер во 1935 година. Изложбата ја организирала неговата идна сопруга Ернестин. Бедри Рахми бил многу плоден уметник; ги насликал фреските во „ресторанот Лидо“ во Истанбул (1943), завесата во Операта во Анкара (1946). Тој беше испратен од владата во Едрене во 1938 година во Çорум и Искилип во 1942 година. Тоа бил период што значел пресврт во неговата сликарска кариера. Работел големи мозаици и слики, познати му биле делата за Експо 58 - Саемот во Брисел во 1958 година, каде што добл прва награда[2] .

Тој бил член на ликовната група Д а ја основал Група од 10 за млади сликари. Создал бројни и големи мозаични композиции кои се монтирани во Истанбул во болници, хотели. Автор е и на познатиот витраж поставен во Амбасадата на Турција во Бон, Германија.

На едно од подоцнежните патувања во Париз бил воодушевен од изложбата на африканската уметност. Таа го инспирирала да создава циклуси на дрворез .

Во 1960 година бил поканет во САД од Рокфелер Фондација и Фондација Форд. Тој исто така бил гостин професор на Универзитетот во Калифорнија, Беркли. Негово дело е дел од колекцијата на музејот на модерната уметност. во Њујорк . Бројни дела може да се најдат во музеите во САД, Европа и Турција[3] . ,

Писателска дејност

уреди

Покрај својата работа на Академијата за ликовни уметности, тој создал и писателска кариера , пишувајќи ликовни огледи објавувани во списанија и дневни весници .

Неговата прва поетска збирка ја објавил во 1941 година - „Писмо до творецот“. Неговата втора збирка „ Црница “ била објавена во 1948 година . Други поетски книги[4]:

  • „Сол “ 1952
  • „Сите во едно“, 1953
  • „Четирите“, 1956
  • „Црница 69“, 1969
  • „Дол Карабакир Дол“, 1974
  • „Јас живеев“, 1977
  • „Турд“

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди