Беди Ибрахим (турски: Bedi Ibrahim; Скопје, 1959) е македонски вајар, сликар, професор и сценограф.

Животопис

уреди

Ибрахим е роден во Скопје, во 1959 година. Тој е дел од првата генерација вајари, дипломирани во 1985 година на ФЛУ, на одделот за скулптура, во класата на Петар Хаџи Бошков, каде ги завршил и постдипломските студии (во 1999 година).[1][2] Од 2002 година, работи како вонреден професор на вајарскиот оддел на ФЛУ.[3]

Творештво

уреди

Освен со скулптура, Ибрахим се занимава и со сликарство и сценографија. Неговото творештво е исполнето со хуманистичка дарба и со верба во смислата на современото уметничко дејствување, а критиката го оценува како автор кој ја чува ризницата на интеркултурното наследство, облагодарувајќи ја нашата сегашност со минатото.[4]

Ибрахим реализирал преку самостојни 20 изложби во Македонија и во странство, а имал и бројни групни учества на локалната и меѓународна сцена. Од 1985 до 1990 година бил дел од култната уметничка група „Зеро[5] Во 1997 година, тој бил единствениот претставник на Македонија на 5. Истанбулско меѓународно биенале. Во јануари 2010 година имал изложба во галеријата МС во Њујорк, каде изложил триесетина цртежи и слики, изработени во комбинирана техника.[2] На 14 ноември 2014 година, во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци била отворена изложба на делата на Ибрахим, во рамките на проектот „Кич, да!? Сте или не“.[6]

Како признание на неговото творештво, Ибрахим е добитник е на три национални и меѓународни награди.

Наводи

уреди
  1. „Дела на Беди Ибрахим во Кавадарци“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 23.
  2. 2,0 2,1 Димитровска, Елена (5 јануари 2010). „Дела на Ибрахим и Башески во Њујорк“. Форум. Посетено на 2010-01-08.[мртва врска]
  3. „список на наставници кои изведуваат настава на постдипломски студии“. Факултет за ликовни уметности. Посетено на 2010-01-08.
  4. „http://culture.in.mk/story_mk.asp?id=30433&rub=36“. Culture in Macedonia. Посетено на 2010-01-08. Надворешна врска во |title= (help)[мртва врска]
  5. .„Изложба на Ибрахим Беди во Културниот центар "ТОЧКА". Контрапункт. Архивирано од изворникот на 2012-07-17. Посетено на 2010-01-08.
  6. „Дела од Беди Ибрахим во Кавадарци“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 23.

Надворешни врски

уреди