Балашаѓармат
Балашаѓармат (унгарски: Balassagyarmat, словачки: Balašske Ďarmoty, германски: Jahrmarkt) е град во северна Унгарија. Градот бил седиште на комитетот од округот Ноград.
Балашаѓармат Jahrmarkt (германски) Balašske Ďarmoty (словачки) | |||
---|---|---|---|
град | |||
Градско собрание на Балашаѓармат | |||
Прекар(и): Civitas Fortissima (Најхрабриот град) | |||
Првпат споменат | 1244 | ||
Површина | |||
• Вкупна | 23,33 км2 (9,01 ми2) | ||
Население (2017) | |||
• Вкупно | 15.058[1] | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски број | 2660 | ||
Повикувачки број | (+36) 35 | ||
Мреж. место | balassagyarmat.hu |
Историја
уредиОд 1998 година, градскиот грб го носи латинскиот натпис „Најхрабар град“ (Civitas Fortissima), бидејќи во јануари 1919 година чехословачките војници ја преминале линијата за демаркација, обележана во декември 1918 година, во подготовка за Договорот од Трианон, незаконски окупираќји ги градови јужно од линијата, вклучувајќи го и Балашаѓармат. Месното население им се спротивставило на чехословачките трупи во сериозна воена битка во која многу од цивилните учесници ги загубиле своите животи.[2]
Херојството на луѓето во градот против нелегалната и неиспровоцирана инвазија е овековечена во карпатската песна „Civitas Fortissima“[3]
За време на Втората светска војна, на 9 мај 1944 година, Германците чувале 3.000 Евреи од градот и околните села затворени во гето. Сите биле испратени во концентрациониот логор Аушвиц на 11 и 14 јуни 1944 година.[4]
Балашаѓармат бил заробен на 9 декември 1944 година од страна на советските трупи на вториот украински фронт во текот на офанзивата на Будимпешта.
Географија
уредиГрадот лежи на левиот брег на реката Иполи, кој ја означува државната граница со Словачка.
Демографија
уредиВо 2001 година Балашаѓармат имал 18.474 жители. Популацијата била хомогена со унгарско мнозинство (Унгарци 98%, Роми 2%),[5] и 100% од вкупното население го зборува унгарскиот како мајчин јазик.
Меѓународни односи
уредиБлизначки градови - Сестрински градови
уредиБалашаѓармат е збратимен со:
Наводи
уреди- ↑ Balassagyarmat, KSH
- ↑ „Унгарска надворешна политика“. Архивирано од изворникот на 2019-04-20. Посетено на 2019-01-26.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-09-18. Посетено на 2009-09-15.
- ↑ Детали за гетото
- ↑ Унгарски попис 2001[мртва врска]
„Балашаѓармат“ на Ризницата ? |