Анастас Зограф

крушевски зограф
(Пренасочено од Атанас Зограф)

Анастас (Атанас) Христов Зограф или Анастас Ангелевич (fl. 1826–1888) — истакнат македонски зограф и иконописец од Крушево.[1][2]

Анастас Зограф
Роден(а)ок. 1800-ти
Крушево, Османлиско Царство
НационалностМакедонец
Занимањезограф, иконописец
Познат(а) поцркви и манастири
Значајни делаво текстот
Деца

Животопис

уреди

Роден е во градот Крушево. Работел заедно со синовите Коста, Вангел и Никола до 1870 г.[1] Прво негово дело се иконите во „Св. Богородица“ во Бела Црква кои ги изработил во 1826 г.[1][2]

 
Фрески од Ошинскиот манастир
 
„Свети Наум“, црква „Св. Кирил и Методиј“, Тетово, ок. 1853 г. Припишана на Анастас Зограф од Крушево. Големина: 25,5 × 20 × 2 см

Во 1839 г. бил спомагач на делото „Службата на Евреите и сите нивни злодела“ (Служенїе еврейско и все злотворенїе нихнѡ), преведено на народен јазик од Натанаил Кучевишки.[3] На една икона на Свети Мина во црквата „Св. Мина“ во Гарниково, Кавадаречко, во долниот дел има натпис: „Анастасија иконописател от село Крушево в лета 1840“.[4] Во 1842 г. заедно со Наум ги насликал фреските во црквата „Св. Никола“ во Ошин, Мегленско.[5]

 
Ктиторскиот натпис во Ошинскиот манастир со името на митрополитот Калиник Мегленски и Анастас Зограф, 1888 г.

Во 1868 г. насликал дел од иконите за црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Крушево. На иконата на Свети Илија оставил натпис: „Сіѧ стаѧ икона пророка Иліа приложиѧ еснафъ кюркъцискыи, на новиїо храмъ Успеніе Богородицы въ Мало миѧчкѡ, приложи ѧ за душевно егѡ спасеніе въ вѣчно споминаніе и срукю Атанасъ съ сынови егѡ ѿ Крушево 1868 иуніѧ 19.[2] Натгписот на „Собор Апостолски“ гласи: „Сіѧ стаѧ икона дванадѣсетъ апостолы приложиа еснафъ дулћерскы масторы міѧцы проложиа въ храмъ престыѧ Богородицы за душевно егѡ спасеніе ивоъ вѣчнѡ споменаніе исруки Анастасови иконописателъ м. іуниѧ 20 1870.[2] Во женската црква е иконата на Воведение Богородично, која е потпишана „Исъ рукі Анастасови 3: 1868.[2]

Во 1876 г. работел со Никола Михајлов на живописувањето и иконостасот во црквата „Рождество на пресв. Богородица“ во Бучин, Крушевско.[6]

Во 1888 г. Анастас со синовите Вангел и Никола ја насликал црквата на Ошинскиот манастир „Свети Архангел Михаил“.[7][8]

Негова недатирана икона има во манастирската црква „Св. Архангели“ во прилепски Варош. Натписот гласи „Иконописателъ Атанасъ ѿ село Крушево.[2] Негови се и иконите ви „Успение на пресв. Богородица“ во Злетово, Пробиштипско,[9] во „Св. Троица“ во Горно Трогерци, Штипско[10] и во „Успение на пресв. Богородица“ во Немањици, Светиниколско.[11]

Фрески од „Св. Димитрија“ во Тушин

уреди

Родословие

уреди
 
 
 
 
 
Анастас Зограф
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Коста Анастасов
 
Вангел Анастасов
 
Никола Анастасов
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Наќе Вангелов
 
 
 
 
 
 
 

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Енциклопедия. Българската възрожденска интелигенция. Учители, свещеници, монаси, висши духовници, художници, лекари, аптекари, писатели, издатели, книжари, търговци, военни... София: ДИ „Д-р Петър Берон“. 1988. стр. 49.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 278.
  3. Служенїе еврейско и все злотворенїе нихнѡ [1839] — означен е како „зуграф Анастасъ Ангелевичъ“ од Крушево.
  4. „Св. Мина, с. Горниково“. Културно и национално наследство на Кавадарци. Архивирано од изворникот на 21 мај 2016. Посетено на 21 мај 2016.
  5. Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις) (грчки). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 162. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29. Посетено на 2024-01-06. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  6. Николоски, Дарко. „Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов“ (PDF). Ниш и Византија XI: зборник радова. Симпозиум „Ниш и Византија XI“, Ниш. Архивирано од изворникот (PDF) на 8 април 2014. Посетено на 8 април 2014. Занемарен непознатиот параметар |дата= (help)
  7. „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον. Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 575. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-10.
  8. „Αρχάγγελος“ (грчки). Δήμος Εξαπλατάνου. Посетено на 13 февруари 2016. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  9. „Злетовска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 31 март 2014. Посетено на 13 февруари 2016.
  10. „Горно-балванска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 13 февруари 2016.
  11. „Светиниколски парохии“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 29 март 2014. Посетено на 13 февруари 2016.