Црква „Св. Никола“ - Ошин

црква во Ошин, Мегленско, Егејска Македонија

Свети Никола (грчки: Αγίου Νικολάου) — црква во селото Ошин, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Свети Никола
Αγίου Νικολάου
Поглед на црквата
Карта
41°5′0″N 22°16′48″E / 41.08333° СГШ; 22.28000° ИГД / 41.08333; 22.28000
МестоОшин, Мегленско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Изградба1836
Управа
Архијерејско намесништвоС’ботско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Според натписот, црквата е изградена во 1836 г.[2] Во 1842 г. е живописана од истакнатиот крушевски мајстор Анастас Зограф и неговиот помошник Наум.[2]

Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква на запад и југ. Има два влеза — од запад и југ, а прозорците се отворени подоцна. Покривот е калкански. Камбанаријата е изградена подоцна, во облик сличен на оние на „Св. Димитриј“ во Костурени и „Св. Никола“ во Страишта. Внатре таванот и иконостасот се насликани. Женската црква има назабен парапет и убава решетка. Фреските се распоредени во три подрачја — Свети Христофор, Свети Зосим, Преподобна Марија Египетска. Се чува икона на Светите Архангели од 1842 г. Таа година стои на натписот на севериот ѕид до иконостасот.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Άγιος Νικόλαος στον Αρχάγγελο“. Βάση Δεδομένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Посетено на 20 април 2018.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 162. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29.