Кампидољо
Кампидољо е познат плоштад во Рим дизајниран од Микеланџело Буонароти. Плоштадот го формираат раскошни мермерни приодни скалила и три згради од кои спротивните имаат симетрични фасади. Во централната зграда на плоштадот се наоѓа градската куќа на Рим, кајшто сѐ уште се вршат венчавки. Останатите згради се седиште на Капитолските музеи, кои содржат некои од најубавите и највредните уметнички дела од антиката и ренесансата.