Арман де Перигор
Арман де Перигор или Херман де Пјер-Грос (1178- 1247) бил потомок на грофовите од Перижорд и бил Голем мајстор на витешкиот ред Темплари од 1232 до 1244 година.
Тој бил мајстор на италијанските покраини Апулија и Сицилија, од 1205 до 1232 година. Во 1232, тој бил избран за Голем мајстор на витешкиот ред Темплари. Тој организирал напади на Кана, Сафита и Сефорија, како и на муслиманските позиции околу Галилеевото Езеро. Сите овие акции биле неуспешни и ја намалиле делотворноста на темпларите.
Во 1236, на границата помеѓу Сирија и Цилиција, 120 витези со неколку стрелци и туркополи биле фатени во заседа во близина на градот Дарбсак (Тербезек). Во првата фаза од битката, темпларите успеале да го освојат градот иако наишле на силен отпор, но кога пристигнале дополнителните сили од Алеп, темпларите биле масакрирани. Помалку од 20 од нив успеале да се спасат и да се вратат во замокот Баграс, на околу 15 km оддалеченост.
Во септември 1239, Арман допатувал во Арка. Таму, тој склучил примирје со султанот од Дамаск, паралелно со склучувањето примирје на болничарите со султанот од Египет. Во 1244 година, султанот од Дамаск се заблагодарил што темпларите помогнале да се спречи продорот на Кварцемијаните од Мала Азија. Во октомври 1244, Темпларите, Болничарите и Тевтонските витези, заедно со султанот од Дамаск се соочиле со султанот од Египет и неговите сојузници, Корезмијанците во Битката кај Ла Форбје. Христијанско-муслиманската коалиција била поразена со повеќе од 30.000 загинати. Некои темплари и болничари успеале да ја сочуваат тврдината Аскалон во христијански раце. Арман де Перигор бил убиен во битката, или пак бил заробен и останал жив до 1247 година.
Претходник Пјер де Монтеги |
Голем мајстор 1232–1244 |
Наследник Ришар де Бур |