Апоп (ѕвезден систем)

Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001600000016ч &1000000000000000000000000м &1000000000000050500000050,5с, −&1000000000000005100000051° &1000000000000004200000042′ &1000000000000004500000045″

Апоптроен ѕвезден систем кој содржи Волф-Рајеов двојник и жежок суперџин, сместен во соѕвездието Рамнило. Именуван по божеството змија од египетската митологија, ѕвездениот систем е опкружен со огромен комплекс од ѕвездени ветришта и космичка прашина фрлени во вселената од големата брзина на вртење на главната ѕвезда од двојниот систем и настанат во облик на „вртење“ од влијанието на секундарната ѕвезда. Приземните студии на системот во 2010-тите заклучиле дека системот е најпознатиот кандидат за родоначалник на гама-изблик во галаксијата Млечен Пат.

Апоп

Инфрацрвена слика направена од Многу големиот телескоп (ЕЈН/Калингам и колегите)[б 1]
Податоци од набљудување
Епоха J2000.0      Рамноденица J2000.0
Соѕвездие Рамнило
Ректасцензија 16ч 00м &1000000000000050500000050,5с
Деклинација −51° 42′ &1000000000000004500000045″
Прив. величина (V) 17.5
Особености
Развојна фаза Волф-Рајеова двојна ѕвезда
Привидна ѕвездена величина (J) 10.2
Привидна величина (K) 6.9
Астрометрија
Оддалеченост2.000+400
−300
[3] пс
Апсолутна величина (MV)-5.15 / -5.15 / -7.4[3]
Други ознаки
WR 70-16, 2MASS J16005047-5142449[4]
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

Именкување

уреди

Апоп бил именуван од група астрономи предводени од Џозеф Калингам од АСТРОН, кои го проучувале системот помеѓу 2016 и 2018 година и објавиле научен труд за нивните набљудувања.[5][6] Името го добило по смртниот непријател на богот на Сонцето Ра во египетската митологија, кој често бил илустриран како џиновска змија; нивното ривалство било опишано како „соодветна алузија“ на изгледот на системот и неговиот ѕвезден ветер во инфрацрвена светлина како „борбена ѕвезда во калеми на змеј“.[5][7] Во XMM-Њутн (2XMM) изворен каталог, ѕвезден каталог на рендгенски извори набљудуван од вселенскиот телескоп XMM-Њутн, системот е каталогизиран како 2XMM J160050.7–514245.[8] Познат е и како WR 70-16.

Особини

уреди

Апоп е троен ѕвезден систем[6][9] кој содржи двојна Волф-Рајеова ѕвезда опишан како „средишен мотор“, која кружи со период од ~100 години,[10] и трета жешка суперџиновска ѕвезда опишана како „северниот придружник “, кружејќи околу средишниот мотор на растојание од ~ 1.700 астрономски единици и период од >10.000 години.[11] Двоѕвезденоста во средината на Апоп е составена од две класични Волф-Рајеови ѕвезди од јаглеродна (WC8) и азотна низа (WN4-6b) подтипови, што го прави Апоп најсилниот случај на класичен двоен систем на две Волф-Рајеови ѕвезди во Млечниот Пат.[3] Волф-Рајеовите ѕвезди од јаглеродна низа често се произведувачи за правење прашина. Огромен комплекс од ѕвездени ветрови и космичка прашина го опкружува системот,[7][9][12] налик на WR 104, друг Волф-Рајеов ѕвезден систем кој произведува тркалезна маглина.[11] Ветерот, кој се движи со брзина од 12 милиони км/ч,[6][12] и прашина која патува со 2 милиони км/ч на работ на системот, наведува дека барем еден составен дел од средишниот двигател брзо се ротира, така што неговата површинска гравитација е блиску да е урамнотежена со нејзината центрифугална сила кон надвор.[9][11] Овој составен дел произведува побрзи ѕвездени ветрови од нејзините полови и побавни ветрови од својот екватор, а заемодејството на екваторскиот ветер со ветерот на неговиот секундар го прави обликот на „вртеното тркало“ на системот.[13][14] Брзо вртежните Волф-Рајеови ѕвезди теоретски се способни да произведат гама-изблик за време на супернова, а системот е идентификуван како родоначалник на изблик на гама-зраци.[15] Проценувано е дека Апоп е на растојание од ~2,4 килопарсеци,[5] или ~8.000 светлосни години,[10][16] од Земјата, со потенцијално несовпаѓање од +0,2 и −0,5 килопарсеци при неговото проценето видливо изумирање од 11,4.[5]

Набљудување

уреди
Местоположба на Апоп во Рамнило (заокружено)

Апоп се наоѓа во соѕвездието Рамнило, на ректасцензија од 16ч 00м &1000000000000050500000050,5с и деклинација од −51° 42′ &1000000000000004500000045″. Системот може да биде разделен на два составни делови, „средишниот двигател“ Волф-Рајеова двојна ѕвезда и суперџинот „северен придружник“.[5] Вкупната привидна величина на системот е 17,5, при што привидната величина на разрешениот централен мотор и северниот придружник е 19,0 и 17,8 соодветно.[5] Неговата распространетост на инфрацрвена спектрална енергија е единствена, со осветленост која се движи од привидна величина од 6,4 на 2,2 μm до -2,4 на 22 μm.[5] Истражувањата спроведени со инструментот SINFONI на Европската јужна набљудувачница (ЕЈН) на Многу големиот телескоп, ја измериле привидната величина во инфрацрвениот J опсег за средишниот двигател како 10,2 ± 0,2, а за северниот придружник како 9,6 ± 0,2 .[5] SINFONI, исто така, ја измерила привидната величина на системот во опсегот K како 6,9 ± 0,2 за средишниот двигател и 8,1 ± 0,2 за C,[5] во опсегот L како 4,7 ± 0,1 за средишниот двигател и 7,3 ± 0,1 за северниот придружник,[5] и во опсегот М како 4,4 ± 0,3 за средишниот двигател и 7,0 ± 0,2 за северниот придружник.[5] Набљудувањата на SINFONI дополнително детализирале дека северниот придружник е веројатно конвенционална ѕвезда B1Ia+ со висока сјајност.[5] A и B покажуваат типичен спектар од WC7 ѕвезда,[5] но со дополнителни одлики на ѕвездите WN4 или WN5 за кои теоретизираат дека се од една од ѕвездите на средишниот двигател; ако биде потврдено, ова ќе го направи Апоп редок двоен систем на Волф-Рајеови ѕвезди.[5] Алтернативна хипотеза, исто така, заснована на податоците на SINFONI, предлага дека сите спектри би можеле да бидат од необична преодна ѕвезда WN/WC, и дека северниот придружник тогаш би бил конвенционална OB-ѕвезда.[5] Комбинирањето на спектрите на ѕвездите WR EZ Големо Куче и WR 90 би создало спектар речиси идентичен со оној забележан од двоѕвездената Волф-Рајеова ѕвезда.

Системот бил првиот кандидат за родоначалник на гама-изблик што бил откриен во галаксијата Млечен Пат,[7] иако не бил познат како таков во раните набљудувања, како оние со вселенските телескопи XMM- Њутн и Чандра, каде што бил идентификуван едноставно како рендгенскиот извор уште во август 2004 година.[5] Астрономот Џо Калингам првпат го забележал Апоп за време на додипломските студии на Универзитетот во Сиднеј со Синтезниот телескоп на набљудувачницата Молонло,[12][17] и бил забележан како потенцијален двоѕвезден ветар кој се судира, со радио извор исто толку светол како Ета Кобилица.[17] Калингам и Питер Тутхил, кои го предводеле откривањето на WR 104 во 1998 година[18] и барал интерес за Апоп откако ги набљудувал неговите крајни инфрацрвени својства,[17][19] го користеа Многу големиот телескоп на ЕЈН, за набљудувања во август 2016 година.[17] Понатамошните набљудувања со Англо-австралискиот телескоп и Австралиската телескопска збиена низа,[16] заедно со придонесите од различни меѓународни установи,[б 2] довеле до објавување на научен труд во Nature Astronomy на 19 ноември 2018 година.[13] Било заклучено дека системот е двојна Волф-Рајеова ѕвезда и родоначалник на гама-изблици.[5][9] Претходно било претпоставувано дека такви системи се пронајдени само во галаксии помлади од Млечниот Пат.[14]

Поврзано

уреди

Забелешки

уреди
  1. Композит од две инфрацрвени слики направени од Многу големиот телескоп на Европската јужна набљудувачница на 13 август 2016 – една од ѕвездите во центарот на системот преземена од инструментот NACO во бранова должина од 2,24 микрометри, и една од околниот облак од прашина и гас земена од инструментот VISIR во бранова должина од 8,9 микрометри. Сликата е со димензии 0,26 × 0,26 лачни минути попреку.[1][2]
  2. Придонеси од Универзитетот во Единбург, Универзитетот на Нов Јужен Велс, Универзитетот во Њујорк и Универзитетот во Шефилд и Универзитетот во Сиднеј.[14]

Наводи

уреди

Извори

  1. Callingham, Joseph (20 ноември 2018). „Riding the serpent: The discovery and study of Apep“. Nature. Архивирано од изворникот 26 ноември 2018. Посетено на 10 септември 2024.
  2. Callingham, J. R.; Tuthill, P. G.; Pope, B. J. S.; Williams, P. M.; Crowther, P. A.; Edwards, M.; Norris, B.; Kedziora-Chudczer, L. (24 септември 2018). „Anisotropic winds in a Wolf–Rayet binary identify a potential gamma-ray burst progenitor“ (PDF). Школа за физика при Универзитетот во Сиднеј. Архивирано (PDF) од изворникот 20 ноември 2018. Посетено на 10 септември 2024.
  3. Plait, Phil (19 ноември 2018). „Bad Astronomy: Is this cosmic sprinkler surrounding galaxy's next gamma-ray burst?“. Syfy Wire. Архивирано од изворникот 22 ноември 2018. Посетено на 10 септември 2024.

  Цитати

  1. Callingham et al. 2018, page 3, "Figure 1. VISIR 8.9 μm image of Apep taken on 2016 August 13, displaying the exotic dust pattern being sculpted by the system. The 2.24 μm NACO image of the region bounded by the blue box, of dimension 1.8" × 1.8", is shown in the upper right corner".
  2. ESO staff (19 ноември 2018). „Coils of Apep“. Европска јужна набљудувачница (ЕЈН). Архивирано од изворникот 6 јануари 2019. Посетено на 10 септември 2024. Field of view: 0.26 x 0.26 arcminutes
  3. 3,0 3,1 3,2 Callingham, J. R.; Crowther, P. A.; Williams, P. M.; Tuthill, P. G.; Han, Y.; Pope, B. J. S.; Marcote, B. (2020). „Two Wolf-Rayet stars at the heart of colliding-wind binary Apep“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 495 (3): 3323–3331. arXiv:2005.00531. Bibcode:2020MNRAS.495.3323C. doi:10.1093/mnras/staa1244.
  4. „AX J1600.9-5142“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 10 септември 2024. (англиски)
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 5,12 5,13 5,14 5,15 5,16 Callingham et al. 2018
  6. 6,0 6,1 6,2 Dvorsky, George (19 ноември 2018). „Stunning Pinwheel Nebula Is a Cosmic Cataclysm in the Making“. Gizmodo. Архивирано од изворникот на 20 ноември 2018. Посетено на 10 септември 2024. ...but to the researchers who recently investigated this enigmatic object, it's simply "Apep" [...] The speed of gas within the nebula was clocked at 12 million kilometers per hour [...] featuring a massive triple star system at its core—a binary pair and a lone star...
  7. 7,0 7,1 7,2 Letzter, Rafi (19 ноември 2018). „This Spinning, Snakelike Star System Might Blast Gamma Rays into the Milky Way When It Dies“. Live Science. Архивирано од изворникот на 20 ноември 2018. Посетено на 10 септември 2024. For the first time, astronomers have found a star system in our galaxy that could produce a gamma-ray burst [...] the researchers nicknamed it "Apep" after the Egyptian snake-deity of chaos. [...] The name works nicely for the system, which is surrounded by long, fiery pinwheels of matter cast out into space...
  8. XMM-Newton Survey Science Centre (20 август 2008). „The XMM-Newton Serendipitous Source Catalogue: 2XMM User Guide“. Одделение за физика и астрономија при Универзитетот во Лестер. Архивирано од изворникот на 20 ноември 2018. Посетено на 10 септември 2024. 2XMM is a catalogue of serendipitous X-ray sources from the European Space Agency's (ESA) XMM-Newton observatory
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Carpineti, Alfredo (19 ноември 2018). „This 'Cosmic Serpent' Is The First System Of Its Kind To Be Discovered In Our Galaxy“. IFL Science!. Архивирано од изворникот на 20 ноември 2018. Посетено на 10 септември 2024. Three stars are in this picture, although the two Wolf-Rayet stars look like a single one in the center [...] the winds are moving at 12 million kilometers (7.5 million miles) per hour. [...] The observations were possible thanks to the Very Large Telescope [...] the dust at the edge of the system is moving at the slower pace of 2 million kilometers (1.2 million miles) per hour.
  10. 10,0 10,1 Griffin, Andrew (19 ноември 2018). „Huge star system near Earth could produce one of the most spectacular explosions in the universe“. The Independent. Архивирано од изворникот на 20 ноември 2018. Посетено на 10 септември 2024. The swirling cloud of dust is a mere 8,000 light years from Earth is a vast system made up of two shockingly bright stars. [...] The two bright stars orbit each other every hundred years or so, according to the researchers.
  11. 11,0 11,1 11,2 Plait 2018
  12. 12,0 12,1 12,2 Strom, Marcus (20 ноември 2018). „Doomed star in Milky Way threatens rare gamma-ray burst“. Универзитет во Сиднеј. Архивирано од изворникот на 20 ноември 2018. Посетено на 10 септември 2024. ...the astronomers have measured the velocity of the stellar winds as fast as 12 million kilometres an hour, about 1 percent the speed of light. [...] We discovered this star as an outlier in a survey with a radio telescope operated by the University of Sydney.
  13. 13,0 13,1 Weule, Genelle (20 ноември 2018). „Spectacular cosmic pinwheel is a 'ticking bomb' set to blast gamma rays across the Milky Way“. ABC News Australia. Архивирано од изворникот на 20 ноември 2018. Посетено на 10 септември 2024. Writing in the journal Nature Astronomy [...] the most violent star is creating stellar winds at two speeds — fast at the poles, slow at the equator [...] the beautiful pinwheel of blazing dust is created not by the fast polar winds, but by the turbulence that arises when the second star in the central engine passes through that first star's slow-moving equatorial wind.
  14. 14,0 14,1 14,2 Devitt, James (19 ноември 2018). „Scientists Discover New "Pinwheel" Star System“. Њујоршки универзитет. Архивирано од изворникот на 20 ноември 2018. Посетено на 10 септември 2024. "It was not expected such a system would be found in our galaxy—only in younger galaxies much further away," [...] The discovery of the system [...] also included scientists from the Netherlands Institute for Radio Astronomy, the University of Sydney, the University of Edinburgh, the University of Sheffield, and the University of New South Wales. [...] is adorned with a dust "pinwheel"— whose strangely slow motion suggests current theories on star deaths may be incomplete.
  15. Clery, Daniel (20 ноември 2018). „Massive star system primed for intense explosion“. Science. Архивирано од изворникот на 20 ноември 2018. Посетено на 10 септември 2024. One of stars is an unusually massive sun known as a Wolf-Rayet star. When such stars run out of fuel, they collapse, causing a supernova explosion. Theorists believe that if the Wolf-Rayet star is also spinning fast, the explosion will produce intense jets of gamma rays out of either pole...
  16. 16,0 16,1 Mannix, Liam (20 ноември 2018). „Super-powerful interstellar 'ticking time bomb' found not far from Earth“. The Sydney Morning Herald. Архивирано од изворникот на 20 ноември 2018. Посетено на 10 септември 2024. In a part of the Milky Way 8000-odd light-years away [...] The system was spotted by PhD student Dr Joe Callingham while he was sorting through data, and later confirmed using the Anglo-Australian Telescope at Coonabarabran in regional NSW.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 Callingham 2018
  18. Tuthill, Peter G.; Monnier, John D.; Danchi, William C. (1 април 1999). „A dusty pinwheel nebula around the massive star WR104“. Nature. 398 (6727): 487–489. arXiv:astro-ph/9904092. Bibcode:1999Natur.398..487T. doi:10.1038/19033. ISSN 0028-0836.
  19. Tuthill, Peter (1999). „The Twisted Tale of Wolf-Rayet 104 First of the Pinwheel Nebulae“. University of Sydney School of Physics. Архивирано од изворникот на 26 ноември 2018. Посетено на 10 септември 2024. These results are further described in our letter in Nature "A dusty pinwheel nebula around the massive star wr 104" by Peter Tuthill, John Monnier and William Danchi Volume 398, pp. 487–489, April 8, 1999.

Надворешни врски

уреди