Многу голем телескоп

Многу голем телескоп или МГТ (англиски: Very Large Telescope, VLT) – многу голем телескоп) – голем оптички телескоп на светот сместен во Чиле во пустината Атакама. МГТ е назив на четирите телескопи на Европската јужна опсерваторија (англиски, European Southern Observatory – ESO) сместени на висорамнината Серо Паранал во Чиле со огледала со пречник од 8,2 м. Може да се користат самостојно или заедно (заедно имаат делотворност како еден телескоп со пречник на огледалото од 16,4 м). Имињата на поедините телескопи на старочилеанскиот јазик мапуче и нивните значења се: Анту (Сонце), поставен во 1998 година, Куејен (Месечина), поставен во 1999 година, Мелипал (Крст), поставен во 2000 година и Јепун (Сириус), поставен во 2001 година.

Многу голем телескоп
Very Large Telescope
Четирите телескопи кои го сочинуваат МГТ заедно со помошните телескопи
ОрганизацијаЕвропска јужна опсерваторија (ESO, European Southern Observatory)
Надм. висина2 635 м
Временски услови>340 чисти ноќи годишно
Бранова должина300 nм – 20 μм (видливa, ултравиолетова и инфрацрвена)
Прва светлина1998 (за првиот телескоп)
ВидРичи-Кретјен
Пречник4 x 8,2 м основни телескопи
4 x 1,8 м подвижни помошни телескопи
Држачалтазимут
Мреж. местоeso.org/vlt
Страница на Ризницата Содржини на Ризницата
Ласер се користи за техника на адаптивна оптика (побудените атоми на натриум во Земјината атмосфера создаваат вештачка ѕвезда.
Внатрешноста на еден од телескопите (Анту)

Поврзани меѓусебно како и со помошните телескопи, со нив може да се видат многу поединости на небото. На пример, астронаут кој оди по површината на Месечината[1]. Најинтересното (и најголемото зголемување) на сликата се добива кога повеќе телескопи посматраат исто небесно тело. Оваа техника се нарекува оптичка синтеза или интерферометрија. Постојат повеќе техники на интерферометрија:

  • VLA (англ. Very Large Array): интерферометриски систем со голем број антени, т.е. со низа радиотелескопи со помали пречници. Антените можат да бидат меѓусебно физички поврзани. Резолуцијата на системот е меѓу 0,13" и 2".
  • VLBA (англ. Very Long Base Array): интерферометриски систем со многу долга база. Така американската VLBA-низа се состои од 10 идентични 25-метарски радиотелескопи, распоредни од Хаваи, преку американската територија до Девствените Острови. Резолуцијата на системот е до 0,0002".
  • VLB (англ. Very Long Baseline Interferometry): интерферометрија на многу долги бази. Меѓусебната оддалеченост на радиотелескопите може да биде и неколку илјади километри.

Основни податоци уреди

Многу големиот телескоп моментално е најпродуктивната и најмоќната опсерваторија на планетата, која се наоѓа на платото Серо Паранал на надморска висина од 2 400 м. МГТ се состои од четири главни телескопи со пречник на примарното огледало од 8,2 м и од четири помошни, подвижни телескопи со пречник од 1,8 м. Со оглед на неговото научно значење и својствата, годишно се добиваат 4-6 пати повеќе барања за негово користење од бројот на расположливи часови.[2]

Иако по големината на примарното огледало МГТ не е најголем (Гран Канарија, пречник 10,4 м; Кек, пречник 10 м), негова предност во однос на другите е тоа што поедините телескопски единици може да се сложат во интерферометар, давајќи им на астрономите можност за посматрање на небото до најситни детали, како да го посматраат низ многу поголем телескоп. Поединечните телескопи може да бидат сложени во група од два или три, но и да бидат користени поединечно, што е и најчест случај.

За секој интерферометар многу е битна оддалеченоста на која можеме да го поставиме телескопот и колку таа оддалеченост е поголема, толку и ефикасноста на снимање е подобра. Максималната оддалеченост за МГТ изнесува 200 метри, додека за опсерваторијата Кек на Хаваите, исто така една од водечките опсерватории, таа оддалеченост изнесува 85 м. Кога се користи како интерферометар, МГТ дава и до 25 пати поквалитетна слика, а светлинските зраци собрани во поедините телескопи се сложуваат во подземен систем од тунели кои се наоѓа многу сложени оптички системи. На тој начин со помош на интерферометарот ја добиваме конечната слика.

Четирите главни телескопи ги добиле имињата по старочилеанскиот мапуче јазик за Сонцето, Месечината, најпознатото јужно соѕвездие Јужен Крст и планетата Венера: Анту, Куејен, Мелипал и Јепун. Имињата биле избрани во текот на натпревар кој бил распишан во основните училишта во Чиле.

МГТ е опремен со 15 научни мерни инструменти, за чија изработка се користени последните технологии. Иако телескопот Гран Канарија и двата телескопи Кек имаат поголеми примарни огледала од МГТ, со сите придружни научни инструменти, како и со можноста за сложување на поединечните телескопи во интерферометар, МГТ е најмоќниот оптички телескоп на светот. Битно е да се напомене дека опсегот на снимање на МГТ ја опфаќа ултравиолетовата, но и инфрацрвената светлина, која ни открива за вселената многу повеќе од видливата светлина.

Наводи уреди

  1. [1] "The Very Large Telescope", publisher=ESO, 2011.
  2. [2] "The Very Large Telescope — The World’s Most Advanced Visible-light Astronomical Observatory handout", publisher=ESO, 2011.